Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крмов: Млекарниците ги уценуваат сточарите – Владата да гарантира откуп на млекото
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Крмов: Млекарниците ги уценуваат сточарите – Владата да гарантира откуп на млекото
ПОЛИТИКА

Крмов: Млекарниците ги уценуваат сточарите – Владата да гарантира откуп на млекото

Објавено June 21, 2026 17:11
Сподели
Сподели

Левица бара Владата итно да интервенира за заштита на домашните млекопроизводители, да обезбеди целосен откуп на домашното млеко по цена над 30 денари за литар и да воспостави построги контроли врз увезеното млеко и млекото во прав од Србија, со цел да се зачува домашното производство и да се спречи негово дополнително уништување.

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, предупреди дека Македонија во моментов произведува околу 62 проценти од вкупните потреби за млеко, но наместо домашното производство да се зголемува и постепено да ги задоволи потребите на државата, сточарите се соочуваат со сериозни проблеми во откупот.

Крмов истакна дека целото домашно производство треба да биде откупено по цена повисока од 30 денари за литар, што е минимум за одржливо производство.

„Наместо од 62 посто производство постепено да дојдеме до 100 посто производство на млеко и да ги задоволиме потребите на Македонија ние имаме неконтролиран увоз на неквалитетно млеко во прав и млеко од Србија кој што им одговара на големите производители, а тие се заштитени и од оваа власт и од сите претходни власти”, вели Крмов.

Тој посочи дека во моментов се загрозени повеќе од 15.000 литри дневно производство на млеко и над 80 сточари кои членуваат во здружението за одгледување говеда во Делчевско. Дополнително, млекарниците „Осогово Милк” и „Малеш” неодамна целосно го прекинале откупот на сурово млеко, а по притисокот од сточарите повторно започнале со откуп, но под значително понеповолни услови.

„Сточарите се соочуваат со уцени, закани и притисоци. Од нив се бара да прифатат откупни цени намалени за 30 проценти, а им се посочува и дека постојат договори за пониски цени кои никој од нив не ги видел”, рече Крмов.

Според информациите што ги изнесе, на големите производители им се нуди цена од 28 денари за литар сурово млеко, додека на малите производители 25 денари за литар. Тој оцени дека овие цени се под прагот на исплатливост и претставуваат директна закана за опстанокот на домашното млекопроизводство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НЕМААТ СУБВЕНЦИИ: Сточарите најавуваат протест за 30 јуни
Следна Статија Македонски државјанин го признал убиството на 45-годишна Гркинка на островот Крит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Стојаноски: Реакциите од ДУИ се комични, намерата им е прочитана, а институциите се спремни за секој обид за дестабилизација

Во денешната емисија ,,Dailyclick“ на Телевизија 21, гостуваше пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ и изрази јасен став дека не може…

October 14, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја…

August 12, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Власта врши политички притисок и во континуитет таргетира наши ексградоначалници

Демократска унија за интеграција тврди дека е мета на политички притисок од власта бидејќи, како што велат оттаму, во континуитет…

April 20, 2026
ПОЛИТИКА

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил Пулс од казна“, прашува ВМРО-ДПМН

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?