Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски државјанин го признал убиството на 45-годишна Гркинка на островот Крит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Македонски државјанин го признал убиството на 45-годишна Гркинка на островот Крит
БАЛКАН

Македонски државјанин го признал убиството на 45-годишна Гркинка на островот Крит

Објавено June 21, 2026 17:15
Сподели
Сподели

Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на Ханија на грчкиот остров Крит, а која на 30 мај исчезна, додека пак нејзиното тело утрово беше пронајдено, јави дописничката на МИА од Атина.

За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија, 45-годишната Ставрула Левендаки, на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во нејзината куќа бил и последниот кој ја видел пред да ѝ се изгуби секаква трага пред три седмици.

Токму затоа уште од самиот почеток се најде во фокусот на полицијата, беше повикан да даде исказ, но негирал секаква поврзаност со исчезнувањето на жената.

Македонскиот државјанин во петокот беше уапсен за поседување и одгледување дрога, а за време на испрашувањето во полициската станица за случајот со исчезнатата во текот на ноќта, го признал убиството и на полицајците им го посочил местото каде што го закопал телото, кое потоа било пронајдено.

Околу причините за убиството, наводно рекол дека со сопственичката се скарале околу состојбата во станот.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за 43-годишниот М.Л. со македонски пасош, кој повеќе години живее и работи на Крит и нема криминално досие.

Во станот на исчезнатата живеел неколку години, во првичните искази пред полицијата, веднаш по исчезнувањето рекол дека на 30 мај, сопственичката го посетила за да ги земе парите за киријата, по што си заминала.

Со оглед на тоа што бил и последниот кој ја видел жената, се најде под лупа на полицијата, која спроведе истрага и во станот и во трите возила на македонскиот државјанин, кои иако биле темелно исчистени, сепак биле пронајдени остатоци од крв во станот и едно од возилата.

Станува збор за случај што во изминатата седмица беше една од главните теми во Грција, со оглед на тоа што сторителот, иако беше еден од главните осомничени, не само што при исказите пред полицијата негирал каква било поврзаност, туку и даваше изјави за медиумите пренесувајќи ги неговите ставови и префрлајќи ја вината врз други.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крмов: Млекарниците ги уценуваат сточарите – Владата да гарантира откуп на млекото
Следна Статија 15-годишно девојче се обидело да се самоубие поради тортура од таткото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и нејзиниот татко Киро Коцев (68) во Велес, претходно биле…

September 16, 2025
БАЛКАН

Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот во Сребреница

Во Меморијалниот центар Сребреница - Поточари денеска се одбележува 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули…

July 11, 2025
БАЛКАН

ВИДЕО: Хаос во Нови Сад – Маскирани лица се обидоа насилно да влезат во Градското собрание

Поединечни учесници на вечерашниот протест на опозицијата во Нови Сад ги скршиле стаклата на вратите и прозорците на градското собрание…

November 5, 2024
БАЛКАН

Оваа новинарка на РТС ги нарече студентите „руља“

Бојана Млаџеновиќ е новинарката на РТС која на интервјуто со претседателот Александар Вучиќ ги нарече студентите „руља“. После емисијата студентите…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?