Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дизелот поевтин седум денари за литар, бензините за 3,5 – 4 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дизелот поевтин седум денари за литар, бензините за 3,5 – 4 денари
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поевтин седум денари за литар, бензините за 3,5 – 4 денари

Објавено June 22, 2026 14:56
Сподели
Сподели

Дизелот од вечерва на полноќ ќе биде поевтин за седум деанри за литар, а бензините за 3,5 – 4 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 7,00 денари за литар, како и мазутот М-1 НС чија цена се намалува за 3,932 денари за килограм.

Така, литар моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 84,00 денари, а литар моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 86,00 денари.

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) после полноќ ќе чини 80,50 денари за литар.

Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 79,50 денари за литар, а мазутот М-1 НС 42,291 денари за килограм.

Новите цени на дериватите ќе се применуваат од 23.6.2026 година од 00:01 часот, се вели во одлуката на РКЕ.

Од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад велат дека се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 8,216%, кај дизелот за 12,699%, кај екстра лесното масло за 12,354% и кај мазутот намалувањето е за 11,352%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0396%, се вели во одлуката на РКЕ.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.6.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, соопштија од РКЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Душко Тошиќ раскина со девојката, дали Карлеуша вмешала прсти
Следна Статија УХМР: Пороен дожд, силен ветер и град северно од Скопје и кај Кичево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Граѓаните им должат на банките 3,9 милијарди евра

Граѓани кај банките се задолжени со 245,2 милиони денари или 3,9 милијарди евра. Ова сума доминира во вкупниот износ од…

November 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Исплатена третата транша од унгарскиот кредит за компаниите, најмногу пари за проекти за мали бизниси

Развојна банка ја исплати третата транша во износ од 41,3 милиони евра кон деловните банки за 175 одобрени проекти на…

May 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Крајот на септември ќе избереме изведувач за автопатот Скопје-Блаце, за две ипол години ќе го изградиме

Изминативе 9 месеци засилено работиме со Европската Банка за Обнова и Развој на постапките за доизградба на автопатот Скопје-Блаце. Имаме…

July 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Колку се сиромашни македонските граѓани?

Едно од клучните прашања кое сè почесто се поставува во јавноста е: како живеат македонските граѓани во споредба со остатокот…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?