Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зошто сладоледот во Турција никогаш не капе?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > НУТРИЦИОНИЗАМ > Зошто сладоледот во Турција никогаш не капе?
НУТРИЦИОНИЗАМ

Зошто сладоледот во Турција никогаш не капе?

Објавено June 22, 2026 14:59
Сподели
Сподели

Не сите сладоледи се исти. Американскиот сладолед е богат со павлака и има лесни состојки. Италијанскиот џелато се меша побавно и се служи на повисока температура. Индискиот кулфи е густ и никогаш не се мати. А во Турција, мараш дондурма е растеглив како карамела и речиси отпорен на топење. Неговата издржливост е поради брашното добиено од орхидеи, познато како салеп, кое се произведува само во Турција.

Повеќето туристи дознаваат за дондурма сладоледот преку акробациите на уличните продавачи на авенијата Истиклал и плоштадот Ортакој во Истанбул. Продавачите се облечени во извезени елеци и црвени фесови – традиционална носија од јужноцентралниот регион Кахраманмараш, од каде што потекнува дондурмата.

За таа цел користат долги метални прачки за да ја удираат и месат дондурмата како шарено тесто, вртејќи ја со вештина што потсетува на мајсторите за пица од Неапол. Шоуто започнува кога муштериите љубопитно ќе навлезат во играта, обидувајќи се да го фатат сладоледот кој постојано им бега, вртејќи се надолу. Затоа дондурма не се смета за обичен сладолед, туку за уникат меѓу замрзнатите десерти. Но и покрај ова, оние што сакаат да ја вкусат најдобрата дондурма, треба да ги заобиколат уличните забавувачи и да посетат некоја од познатите слаткарници во Турција. Една од нив е Серез Гурме Дондурма, ланец од слаткарници со девет продавници низ Истанбул. Слаткарницата е основана во 2010 година од страна на Сердар Кемахли.

-Идејата за овој сладолед ми дојде во четириесетата година, откако забележав голем ред пред една слаткарница покрај егејскиот брег. Луѓето беа трпеливи и среќни. Возрасните на лицата имаа детски изрази. Сладоледите што ги држеа во раце беа светлосини, светложолти, светлозелени – бои што ниту едно овошје никогаш не може да ги создаде, изјави Кемахли за Си-Ен-Ен. Дондурмата од моето детство (70-те), кога постоеа само два вкуса (обичен и чоколаден), веќе одамна исчезна. Бев невработен, но таа вечер сфатив дека не барам само работа. Барав нешто што беше изгубено, додаде тој.

Сердар Кемахли претходно работел во сендвичарница, а подоцна се посветил на подготовка на сладоледот, усовршувајќи го својот начин во тек на едногодишни обиди и грешки пред да ја отвори својата прва слаткарница

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УХМР: Пороен дожд, силен ветер и град северно од Скопје и кај Кичево
Следна Статија ОЈО ГОКК: Сите осомничени во предметот за ФФМ се обезбедени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НУТРИЦИОНИЗАМ

Ова е најдоброто месо за скара

Најдоброто месо за скара е свежо, со помалку маснотии или соодветно маринирано, како свински врат, ражничи, ќебапи или пилешки батаци,…

April 30, 2026
НУТРИЦИОНИЗАМ

Предлог за денешен ручек: Подгответе вкусна фокача

Фокачата е традиционален италијански леб со мека и воздушеста внатрешност и крцкава кора, збогатен со маслиново масло и различни додатоци.…

March 25, 2026
НУТРИЦИОНИЗАМ

Oсвежете се со вкусен џем од малини

Малините се сметаат за рајско овошје. Да уживате во нив и во зима направите џем. Овој џем се готви кратко,…

June 10, 2026
НУТРИЦИОНИЗАМ

Сте пробале ли мачата?

Пиењето мача наутро може да ја зголеми енергијата, а воедно да го поддржи поздравото стареење, според нутриционистите. Овој јапонски зелен…

April 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?