МВР информира дека вчера претпладне во 10:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на патниот правец Маврово кон Дебар, во близина на Бигорскиот манастир, германскиот државјанин К.Б.(55), управувајќи мотоцикл со германски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот.
Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар.
