Тимот на Мајами хит стана еден од трите најголеми фаворити за освојување на трофејот во НБА-лигата претстојната сезона по размената на Јанис Антетокумпо.
Американските букмејкери ги зголемија шансите на Мајами за освојување на шампионатот четирикратно. Веројатноста за освојување на титулата на Мајами се зголеми од 3 на 12 %.
Милвоки го размени грчкиот кошаркар со Хит за Тајлер Херо, Каспарас Јакучионис, Хаиме Жакес, Келел Вер плус право на неколку избори на првата и втората рунда на следниот драфт.
Мајами сега е трет фаворит во лигата зад Сан Антонио (17 %) и Оклахома Сити (21 %).
Бранител на трофејот во најсилната кошаркарска лига на светот е Њујорк никс.
