Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката
ЗДРАВЈЕ

Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката

Објавено June 23, 2026 17:09
Сподели
Сподели

Детската клиника во Скопје бележи најниска стапка на смртност кај хоспитализирани пациенти во историјата на Клиниката, соопшти директорот Реџеп Мемеди на денешната прес-конференција.

– Универзитетската клиника за детски болести бележи значително намалување на стапката на смртност кај хоспитализирани пациенти во овие две години, до 300 проценти во споредба со претходните години. Според официјалните статистички податоци од информатичкиот систем на Клиниката за периодот 2014 – 2026 година, анализите покажуваат дека, на пример, во 2015 година процентот на починати пациенти во однос на хоспитализираните пациенти изнесувал 1,51 отсто – апсолутен број на смртни случаи 108, додека во 2025 година стапката на смртност паднала на 0,51 процент – апсолутен број на смртни случаи 39 – информираше Мемеди.

Од 2009 година, од кога постоел информатичкиот систем на Клиниката, до 2013 година, стапката на смртност била исто така висока, почнувајќи од 1,17 отсто до 1,54 проценти.

– Особено охрабрувачки се споредбените резултати за првиот квартал од оваа година, односно во првото тромесечие од 2026 година стапката на смртност е 0,27 проценти, што е најниско ниво во последните 17 години, и приближно два пати пониска во споредба со претходната 2025 година – истакна Мемеди.

Пред 10 години, на пример, како што додаде Мемеди, во првиот квартал од 2016 година, регистрирани биле 1758 хоспитализирани пациенти – од кои 37 починале, односно стапка на смртност од 2,10 проценти, додека во првиот квартал од 2026 година регистрирани се 1841 хоспитализирани пациенти, а 5 починале, односно стапка на смртност од 0,27 отсто, што претставува намалување од 770 проценти или стапка на смртност 7,5 пати помала во споредба со пред 10 години.

– Ова значително намалување на стапката на смртност, како клучен параметар за квалитетот на медицинските услуги, е резултат на заедничката тимска посветеност и 24-часовниот ангажман на најдобрите експерти по педијатрија и целиот медицински и немедицински персонал на Детската клиника – подвлече Мемеди.

Овие позитивни резултати во последните две години се и плод на подобрувањето на условите во Клиниката, потенцираше директорот, повеќе од 24 капитални проекти и стотици преземени мерки и други активности од витално значење за Клиниката и здравјето на децата , спроведени во овие 24 месеци мандат, како и плод на вработувањето и ангажирањето на нов медицински, административен и технички персонал, секако, и нивна континуирана едукација и обука.

Како што беше соопштено, позитивна оценка за постигнатите резултати на Детската клиника, дале и надворешните оценувачи од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи во Македонија, во извештај издаден на 04.06.2026 година.

– Нашиот најсилен професионален и човечки мотив е животот и здравјето на децата – заклучи Мемеди.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин: Западот отворено се подготвува за војна со Русија, подготвени сме да одговориме
Следна Статија Родителите на починатите од Пулс бараат одговор од Љутков и Лефков за спомен-обележјето за нивните деца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

70% од докторите се соочиле со насилство на работното место

Лекарската комора на РСМ, заедно со европските докторски асоцијации и Министерството за здравство, денеска го одбележува 12 Март, Европскиот ден…

March 12, 2026
ЗДРАВЈЕ

Петгодишно момче доби нов живот по примање на скап лек

Петгодишниот Едвард може самостојно да оди, вели неговата мајка, и се надева дека ќе има среќен живот

January 1, 2026
ЗДРАВЈЕ

За три пати зголемен бројот на заболени од грип

За 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип во периодот од 6 до 12 јануари во споредба со…

January 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Новотни: Загадениот воздух го забрзува стареењето на мозоците во Македонија

Поради околинските чинители, меѓу кои еден од најважните е аерозагадувањето, стареењето на мозоците во Македонија е повеќекратно забрзано, што пак…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?