Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: ФЗО од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја од сопствената работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: ФЗО од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја од сопствената работа
ЗДРАВЈЕ

Клековски: ФЗО од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја од сопствената работа

Објавено November 4, 2024 18:46
Сподели
Сподели

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја од сопствената работа, оцени денеска директорот на ФЗО Сашо Клековски.

Сите 740 вработени во ФЗО, како што кажа, работат на надминување на проблемите. Со ребалансот на Буџетот, додаде, ФЗО има сопствен буџет од околу 780 милиони евра од кои 87 отсто се за здравствени услуги, 11,5 отсто за надоместоци за боледување, а 1,5 отсто трошоци за функционирање на ФЗО.

Проблемите најлесно се гледаат низ долгот на јавно здравствените установи (ЈЗУ). На 30 јуни годинава 109 ЈЗУ имаа долг од пет милијарди денари и само во првото полугодие од годинава долгот беше зголемен за една милијарда денари. Во буџетот на ФЗО не биле планирани ниту усогласувањата на платата во здравството договорени во 2023 година. Тоа значи дека има зголемување на долговите, а не се покриени преземените обврски за плати во јавното здравство и за условите за работа во смисла на лекарства, рече Клековски на Платформата „100 проценти посветени на тебе на тема: Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“ што денеска се одржа во Владата.

Токму затоа, како што кажа, една од првите активности на ФЗО во соработка со Проектот за добро владеење на УСАИД била да се направи функционална анализа и проценка на ризиците од корупција.

Во здравството нема да имаме подобрување доколку не ја сузбиеме корупцијата и криминалот. Сметаме дека тоа треба да води кон неопходни заштеди кои се потребни за подобрување на здравствената заштита и на условите за работа. Значаен поттик беше и ребалансот на буџетот со кој заедно со заштедите се овозможува да се намалат долговите на ЈЗУ за две милијарди денари, рече Клековски.

Со тоа, додаде, ќе се намалат судските трошоци и каматите во судските спорови заради не сервисирањето на долговите, износи кои се во милиони евра.

Се надеваме дека со подобра наша финансиска дисциплина ќе придонесеме во намалување на цените на лековите, бидејќи во нив сега е вкалкулирана и цената на неплаќањето, посочи Клековски.

Нагласи дека ФЗО веќе обезбеди финансирање секаде каде што требаше да се обезбеди континуитет на услугите, односно околу пет милиони евра за Клиниката за радиотерапија и онкологија, зголемен е фондот за генетските истражувања, обезбеден е дополнителен фонд за Детска кардиохирургија,…

Во моментов работиме на калкулации дел од лековите што се на позитивната листа за болниците заради полесна достапност на пациентите да бидат префрлени на позитивната листа на достапност во аптеките. Разговараме и со здруженијата на матичните доктори и очекуваме до крајот на годинава да постигнеме договор за повеќе мерки за подобрување на работата во примарната заштита, потенцира Клековски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лимани: Ја зголемуваме поддршката и инклузијата на ранливите категории граѓани
Следна Статија Се злоупотребиле податоци на 588 лица: Кривични пријави против две физички и две правни лица од Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во ЈЗУ Универзитетска…

July 22, 2026
ЗДРАВЈЕ

Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за повредените во трагедијата во Кочани

Експерти од Англија и македонски лекари заеднички подготвуваат протоколи за проценка на клиничката слика на повредените во трагедијата од дискотеката…

April 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Патрик Сун Шионг: Совпаѓањето на турбо канцерите и спајк протеинот не е случајност, никогаш не сум видел рак на панкреас кај 13 годишно дете

Никогаш не бев видел рак на панкреас кај деца, а најмногу ме изненади кога видов 13-годишно дете со метастазиран рак…

October 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Проф. д-р Данева Маркова: Постои тренд на предвремено породување во сезоната кога загадувањето е најголемо

Возраста, загадувањето, стресот, начинот на живот, телесната тежина, физичката активност…, се меѓу ризичните фактори за неуспешна бременост. Во последните неколку…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?