Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.
Од установата објавија на нивната Фејсбук страна дека малата срна ја спасиле раководителот на помошно-техничкото одделение Зоран Пројчевски и ренџерот Неџип Сефедини.
Подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ изјави директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски.
