Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доказите биле обезбедени од апликацијата Скај: Уапсени двајца полицајци кои оддавале службени тајни на „Дуќанџик“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Доказите биле обезбедени од апликацијата Скај: Уапсени двајца полицајци кои оддавале службени тајни на „Дуќанџик“
ХРОНИКА

Доказите биле обезбедени од апликацијата Скај: Уапсени двајца полицајци кои оддавале службени тајни на „Дуќанџик“

Објавено November 4, 2024 18:49
Сподели
Сподели

Полицијата во акција со Јавното обвинителство уапси три лица. Како што соопштува Обвинителството, двајца полицајци, сега во пензија и уште едно лице се уапсени бидејќи оддавале службени тајни од досието на групата од Грчец. Осомничените, во период од декември 2019 до март 2021 извршиле кривично дело Криминална соработка и откривање службена тајна.

„Осомничените, заедно или одделно, со информациите кои ги споделиле, го отежнале потврдувањето во кривична постапка: за Убиство во 2020, осомничените споделиле важни информации за криминалната група; Истата година осомничените споделиле службени информации за спроведување посебни истражни мерки за тогашната кривична истрага под кодот “Планина“ во која биле опфатени лица од оваа организирана група и за двојното убиство во март 2021 во Скопје“, велат од ОЈО-ГОКК.

Од МВР соопштија дека поднеле кривична пријава за лицата Д. Г. (58), Е.А. (58) и О.П. (44), сите од Скопје, бидејќи истите се сомничат за поврзаност со групата од Грчец. Од МВР велат дека доказите се обезбедени при контрола на апликацијата СКАЈ каде се одвивала комуникацијата на групата која се сомничи дека се занимавала со разни криминални дејствија, вклучително и транспортот на дрогата од Јужна Америка во земјите на ЕУ и Македонија.

И министерот на внатрешни работи, Панче Тошковски потврди дека три лица се уапсени како осомничени за поврзаност со групата од Грчец. Тошковски рече дека двајца од нив се екс полициски службеници сега во пензија, а додаде дека материјалите против нив се обезбедени од апликацијата СКАЈ.

Според Обвинителството, доказните материјали најпрво за првиот осомничен покажал дека тој и негови роднини поседуваат движен и недвижен имот и штедни влогови, кои ги надминуваат неговите приходи како полициски службеник.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се злоупотребиле податоци на 588 лица: Кривични пријави против две физички и две правни лица од Скопје
Следна Статија Директорот на БЈБ Јанев на генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетничка добивала уцени од соученици – им дала 25.000 евра за да не го тепаат нејзиниот помал брат

Во полицијата во Скопје било пријавено дека малолетна ученичка од основно училиште на подрачјето на Бит Пазар била уценувана од…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Изгаснат е пожарот кај Јосифово, три се сè уште активни

Пожар избувна во валандовското село Јосифово, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Првично гореше сува трева, но поради силниот…

June 29, 2025
ХРОНИКА

Маж заврши во болница, откако му екплодирал болјер во станот

Електричен бојлер експлодирал пред два дена  околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П.,…

December 28, 2025
ХРОНИКА

Македонски државјанин се удави во Драч

Tрагедија на албанското крајбрежје – 66-годишен македонски државјанин го загуби животот во морето кај Драч, на плажата во близина на…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?