Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски на отчет: Македонија денес има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Тошковски на отчет: Македонија денес има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
Blog

Тошковски на отчет: Македонија денес има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

Објавено June 27, 2026 15:18
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој во својот двегодишен мандат досега, се соочи со три интепелации, сите неуспешни, денеска излезе на отчет за срадботеното, при што заклучи дека Македонија денес има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години.

Бележиме намалување на вкупниот криминалитет. Постигната е вкупна ефикасност од 69 проценти, а значително е зголемен и бројот на откриени сторители. Овие резултати се потврда за посветената работа на полициските службеници, подобрената координација и навременото постапување на терен. Особено значајни се резултатите во борбата против организираниот криминал. Сузбиени се над 30 организирани криминални групи, кои дејствувале во различни области – од недозволена трговија со дрога и корупција, до криумчарење мигранти, недозволена трговија со оружје, фалсификување пари, трговија со луѓе и други тешки облици на криминал. Зад овие бројки стојат пресечени криминални канали, спречени незаконски активности и испратена јасна порака дека никој не е над законот и дека институциите имаат капацитет да се справат со најсериозните безбедносни предизвици – рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во отчетот за сработеното во изминатите две години.

И во областа на корупцијата, напомена Тошковски, се постигнати значајни резултати. Бројот на сузбиени организирани криминални групи со коруптивно делување е зголемен за 50 проценти. Сузбиени се шест такви групи, при што кривично се пријавени 146 физички и 18 правни лица. Откриени се околу 500 кривични дела, а бројот на пријавени сторители надминува 1.000, што претставува значителен пораст во однос на претходниот период. Со овие постапувања беа прекинати незаконски практики и коруптивни активности во повеќе области од особено значење за граѓаните и државата.

Во однос на имотниот криминал, тешките кражби и обичните кражби се намалени за повеќе од 30 отсто, додека кај разбојништвата падот изнесува над 40 проценти.

„Кај насилниот криминал, бројот на извршени убиства е намален за 4 проценти. Особено е значајно што, покрај тековното постапување, Министерството успеа да расветли и повеќе тешки убиства извршени во претходните години“, подвлече министерот.

На полето на управните служби, Тошковски нагласи дека целосно е стабилизиран и предвидлив системот за издавање лични документи преку отворање нови канцеларии и дигитализација.

Како еден од најкрупните безбедносни проекти беше посочен „Безбеден град“, чија примена започна на 2 февруари 2026 година во Скопје, Тетово и Куманово.

„Од почетокот на неговата примена, на 2 февруари 2026 година, во првите пет месеци е забележан намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди за 40 проценти, односно 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период од претходната година. До 22 јуни 2026 година, преку системот се регистрирани над 120.000 сообраќајни прекршоци“, изјави Тошковски.

Како клучна капитална инвестиција во човечкиот капитал, министерот го најави повторното активирање на Средното полициско училиште од 1 септември оваа година за 25-тата генерација ученици.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бебе почина откако било оставено во прегреан автомобил во Франција
Следна Статија СДСМ: Со Тошковски на чело на МВР има распад на безбедносниот систем, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Австралија, средба на Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис совет

Продлабочувањето на економската соработка е во фокусот на работната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,…

February 11, 2025

Samsung Galaxy S26 launch LIVE — S26 Ultra price, specs and release date due to be unveiled at Samsung Unpacked – Tom’s Guide

We're hoping for a couple of special surprises

March 1, 2026
Blog

Како да побарате поврат на пари од settlement-от на Amazon Prime во вредност од 2,5 милијарди долари

Одредени претplatници на Amazon Prime можат да квалификуваат за исплата како дел од settlement-от на компанијата. Во 2023 година, Федералната…

November 23, 2025
Blog

Ричард Тенг, извршниот директор на Binance за индустријата на криптовалутите во 2025 година

Како што завршува 2024 година, извршниот директор на Binance, Ричард Тенг, споделува што можеме да очекуваме во криптоиндустријата во 2025…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?