Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Црногорците секој месец ќе имаат продолжен викенд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Црногорците секој месец ќе имаат продолжен викенд
БАЛКАН

Црногорците секој месец ќе имаат продолжен викенд

Објавено June 28, 2026 14:09
Сподели
Сподели

Во Црна Гора е поднесен предлог на измени на Законот за работни односи со кои секој месец ќе има еден продолжен викенд за работниците. Измените во собраниска процедура ги достави пратеничката група на Демократска Црна Гора, која вели дека има цел понатамошно подобрување на правата на вработените и подигнување на квалитетот на работниот живот во Црна Гора.

Пратеникот на демократите, Душко Стјеповиќ, соопшти дека со предлогот се предвидува вработените да имаат право на слободен петок пред последниот викенд од месецот, што заедно со тој викенд ќе значи и официјално продолжен викенд еднаш месечно.

– Во неделата што му претходи на последниот викенд во месецот, вработениот би имал право на слободен петок, односно на одмор од 24 часа кој се користи во петок, а кој се надоврзува на редовниот одмор од членот 76, со што се добива непрекинат одмор- објаснува пратеникот.

Според него, ова решение претставува современ и одговорен чекор напред во областа на работничките права, насочен кон зачувување на физичкото и менталното здравје на вработените, зајакнување на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот, како и создавање услови за поголема мотивација и продуктивност на работното место.

Пратеничката група на демократите нагласува дека предложената мерка може да има значајни социјални и економски придобивки преку зајакнување на семејните врски, поголемо учество на граѓаните во културни, спортски и социјални активности, како и дополнително стимулирање на домашниот туризам и локалната економија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украина погоди фабрика за оружје во Русија, додека Москва започна масовен напад со дронови
Следна Статија Кривична за мајка од Струга: Ги оставала децата да спијат во автомобил додека била на работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

До 1600 евра за келнери, 1400 за собарки – Хрватска бара 70.000 сезонци

На Хрватска годинава ќе ѝ бидат потребни околу 70.000 сезонски работници во туризмот. Но, работодавачите ќе најдат само мал дел…

March 26, 2025
БАЛКАН

Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум

Во Хрватска денеска почна еднонеделен бојкот на трговскиот синџир Конзум, откако вчера откако Хрватите незадоволни од цените вчера трет петок…

February 8, 2025
БАЛКАН

Внимавајте ако патувате во Грција: Објавена мапа за рибата зајак

Грчките власти објавија интерактивна дигитална мапа на Гугл, на која се следи појавата и ширењето на опасната риба зајак, позната и…

July 9, 2026
БАЛКАН

Mило Ѓукановиќ поседува оружје како за мала војска (ФОТО)

Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е вооружен до заби - на негово име се регистрирани 12 оружја, а…

March 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?