Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“
ЗАБАВА

„Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“

Објавено November 4, 2024 22:35
Сподели
Сподели

Македонскиот пијанист Симон Трпчески на 20 декември во арената „Борис Трајковски“ ќе одржи новогодишен концерт насловен „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“.

Концертот е во организација на „Прагма продукција“, а Трпчески ќе настапи заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници.

-Ова нема да биде класичен концерт, туку ќе биде новогодишен спектакл, каде што за првпат, Симон Трпчески ќе свири и популарни новогодишни песни, како што тоа го прават и најголемите музички ѕвезди. Но, овојпат тој ќе оди чекор понатаму, па заедно со него, на сцената ќе му се придружат врвни пејачи кои дополнително ќе ја зајакнат атмосферата, најавија организаторите.

Како што посочуваат, на програмата ќе биде „Оревокршачка“, но и омилените арии и популарните дуети, па сѐ до валцерите и бисерите од класичната музика и виртуозни предизвици.

-Секој дел од програмата е вистински виртуозен предизвик, но Трпчески и неговите пријатели се подготвени да го исполнат со леснотија и страст, како што само тие знаат. Зборувајќи за новата средба со македонската публика, Симон Трпчески вели дека секогаш кога настапува на сцените низ светот дава сѐ од себе, но потенцира дека емоцијата е посилна кога се свири дома. Вистинска реткост е да се слуша Симон во Скопје, бидејќи неговите концертни активности траат во текот на целата година и се одвиваат на сите континенти низ светот, се вели во соопштението.

Трпчески редовно соработува со познати диригенти, а меѓу нив се издвојуваат имиња како Шарл Дитоа, Сер Лорин Мазел, Василиј Петренко, Владимир Ашкенази, Густав Дудамел итн. Настапува со најголемите странски оркестри, како Њујоршката филхармонија, Кралската филхармонија од Лондон, симфонискиот оркестар на Сан Франциско… Многу музички критичари го споредуваат со најдобрите пијанисти на денешницата, истакнувајќи дека Трпчески не само што ја поседува техниката, туку и длабока, уникатна музикалност што му овозможува да ги спои традицијата и современиот израз на извонреден начин.

-Оваа новогодишна вечер е за сите – за оние кои го сакаат класичниот звук, но и за оние кои едноставно сакаат да уживаат во празничен концерт кој носи радост и инспирација. Во пријатната атмосфера на декемвриската ноќ, арената ќе биде вистинско уметничко прибежиште. Затоа, подгответе се за незаборавна вечер, споделете ја со своите најблиски и дозволете си да бидете дел од оваа ноќ, каде што Симон Трпчески и неговите пријатели ќе запишат уште една незаборавна страница во македонската музичка приказна, посочуваат организаторите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија aa
Следна Статија Захарова: Русија мора да ја брани својата независност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Пет хороскопски знаци ги очекува недела полна со среќа

Пет хороскопски знаци ги очекува исклучително поволна астролошка прогноза следната недела. Влегуваме во неделата на пролетната рамноденица и започнуваме нов…

March 16, 2026
ЗАБАВА

Почина основачот на Нови Фосили, минатата година беше во Скопје на концерт

Маринко Колнаго, басист и еден од основачите на легендарните Нови фосили е единствениот член кој свирел во овој култен поп…

March 30, 2025
ЗАБАВА

Борис Џонсон стана татко по деветти пат

Поранешниот премиер на Обединетото Кралство Борис Џонсон (60) добил дете со сопругата Кери (37). Кери на Инстаграм ја сподели веста…

May 25, 2025
ЗАБАВА

Неандерталците биле способни да изведуваат стоматолошки интервенции

- Меѓународен тим на научници од Русија и САД, по извршена детална анализа на древен катник откриен во Сибир, дошле до…

May 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?