Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Давале поткуп за да се породат со царски рез и да го одберат гинекологот, покажа истражување на Здружението ЕСЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Давале поткуп за да се породат со царски рез и да го одберат гинекологот, покажа истражување на Здружението ЕСЕ
ЗДРАВЈЕ

Давале поткуп за да се породат со царски рез и да го одберат гинекологот, покажа истражување на Здружението ЕСЕ

Објавено June 30, 2026 15:51
Сподели
Сподели

Речиси 84 отсто од здравствените работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само 14 проценти од нив признаваат дека биле лично вклучени или сведочеле на коруптивен чин во нивната установа. Здравствените работници се свесни за присуството на корупцијата, но најголем дел од нив ја прифаќаат како нормализирана појава и не пријавуваат, покажа истражувањето на Здружението за еманцијапција, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, спроведено во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијатаво здравството“.

Над 74 отсто од испитаниците кои имале искуство со корупција, рекле дека најчеста форма на корупција е директното примање пари од пациентите или нивни блиски. Потоа следуваат примањето подароци, упатувањето на преглед на приватно, препорака за купување конкретен лек и наплатувањето услуга која треба да биде бесплатна во јавното здравство. Корупција најчесто се бара или нуди за побрз термин за преглед кај специјалист или специфична медицинска услуга, прием кај конкретен доктор и добивање болнички кревет или операција без чекање со месеци.

Истражување покажува дека корупцијата во здравството не треба да се гледа само како индивидуален случај на поткуп. Таа е поширок системски проблем, кој е поврзан со пристапот до здравствени услуги, со односите на моќ во институциите, со безбедноста на пациентите и здравствените работници, но и со довербата во системот“, вели Борјан Павловски, координатор за јавно здравје и женско здравје на Здружение ЕСЕ.

Особено загрижува присуството на неформални плаќања за гинеколошко – акушерски здравствени услуги. Со поткуп најчесто односно во повеќе од 50 отсто од случаите се „купува“ породување со царски рез без медицинска индикација, како и изборот на конкретен гинеколог или тим за породување.

Важен сегмент од истражувањето е родовата димензија односно перцепцијата дека корупцијата различно ги погодува мажите и жените. При тоа, испитаниците препознаваат дека најранлива категорија се жените од руралните средини со ниски приходи.

Кај гинеколошко-акушерските услуги, здравствените работници како посебно изложени ги издвојуваат бремените малолетнички под 18 години, жените без здравствено осигурување, Ромките, жените од рурални средини, жените со попреченост, мигрантките, бегалките и ЛГБТИ жените. Ова значи дека корупцискиот ризик не е ист за сите пациентки. Тој е поголем кога пациентката има помала моќ, помалку информации, ограничен избор и поголема зависност од системот“, објаснува Јасминка Фришчиќ, извршна директорка на Здружение ЕСЕ.

Истражувањето потврдува и присуство на сексторција односно барање или очекување интимна услуга во замена за здравствена услуга, документ или напредување во кариерата. Секој петти здравствен работник слушнал или дознал дека колега или колешка побарале или очекувале сесксуална услуга од пациенти. Но, сексторцијата е присутна и внатре во здравствените установи, имајќи предвид дека 6,3 отсто од здравствените работници биле изложени на притисок, недолични коментари или барања од сексуална природа од колега, колешка или претпоставен.

Еден од главните заклучоци на истражувањето е дека во здравствените установи јасно изразена антикорупциска култура. Само седум отсто од оние кои имале сознанија за корупција, го пријавиле случајот. Останатите игнорирале или одбиле корупција без да пријавата.Причините за ваквиот одност се системски и конзистентни односно недоверба дека нешто ќе се промени (55%), страв од последици или нарушување на колегијалните односи (56%), недостиг од докази (36%) и перцепција дека случајот не е доволно сериозен.

Загрижува и недостигот на подготовка на здравствените работници за препознавање и постапување во случаи на корупција и сексторција. Дури 77,6 отсто никогаш немале обука на оваа тема, а во терцијарното здравство овој процент изнесува 82 отсто“, вели Јасминка Фришчиќ, извршна директорка на Здружение ЕСЕ.

Според мислењето на здравствените работници, за борба против корупцијата неопходни се системски мерки, како заштита на пријавувачите, построги санкции и контроли, поголема транспарентност и подобри плати и услови за работа.

Истражувањето се спроведе преку анкета на 410 здравствени работници и соработници и полуструктурирани интервјуа со 21 директор или раководител на гинеколошко – акушерски здравствени установи. Активноста е финансиски поддржана од Француската развојна агенција (Agence française de développement) преку Expertise France како дел од проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ спроведуван од Здружение ЕСЕ.ccs

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Се укинува ресорот за добро владеење во Владата
Следна Статија Eве што не треба да оставате во автомобилот на жешко време

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на uslugi.gov.mk

Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив…

January 22, 2026
ЗДРАВЈЕ

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на човекот, а според лекарите, засегнати се и хронично болните, но и работоспособните…

March 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Четири илјади пушачи годишно умираат, неопходно е ефикасно спроведување на законите

Македонија губи околу 4.000 животи годишно како последица од пушењето тутун или тутунски производи. Според податок од СЗО, 40 проценти…

December 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени

Во изминативе четири години расте бројот на смртни случаи од рак на дојка во земјава, велат статистичките податоци на Институтот…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?