Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски во Здравство, Шасивари во Правда, Перински во ФЗОМ, Стоиљковиќ во Локална самоуправа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Клековски во Здравство, Шасивари во Правда, Перински во ФЗОМ, Стоиљковиќ во Локална самоуправа
МАКЕДОНИЈА

Клековски во Здравство, Шасивари во Правда, Перински во ФЗОМ, Стоиљковиќ во Локална самоуправа

Објавено June 30, 2026 19:03
Сподели
Сподели

Во најавената реконструкција на Владата на премиерот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги земе ресорите Здравство и Социјална политика, труд и млади, пренесува Плусинфо.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски ќе биде новиот министер за здравство. Неговото место на чело на ФЗО ќе го заземе актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински, а со Министереството за локална самоуправа ќе раководи досегашниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ. Со Министерството за односи меѓу заедниците ќе раководи човек од Вреди.

Во најавената реконструкција на Владата на премиерот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги земе ресорите Здравство и Социјална политика, труд и млади.

Кадри од Вреди ќе станат министри во Министерството за правда, од каде ќе замине Игор Филков од ЗНАМ, во Министерството за односи меѓу заедниците и во Министерството за култура и туризам, од каде ќе замине Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата ЗНАМ ќе го добие Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, кое досега го раководеше Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерско место без ресор се очекува да добие Демократската партија на Турците, а Шабан Салиу веќе нема да биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030.

На чело на Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе застане актуелниот заменик во овој ресор, Ѓоко Велковски на местото на Фатмир Лимани од Вреди.

Според информациите, со Министерството за правда ќе раководи универзитетскиот професор Јетон Шасивари, а со Министерството за култура Седат Сулејмани, кој досега ја извршуваше функцијата заменик-министер. Беким Сали останува министер за европски прашања.

На чело на Министерството за земјоделство ќе биде Борче Серафимовски од ЗНАМ, кој е актуелен државен секретар министерството.

Формализирање на политичкиот договор на лидерите се очекува прво преку одлуки на надлежните партиски тела. Потоа ќе биде доставен предлогот од премиерот до Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница на Извршниот комитет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овој транзит се случува еднаш на 12 години – еве што носи за вашиот знак
Следна Статија Мицкоски: Се укинува ресорот за добро владеење во Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Загриженоста на опозицијата за нашите односи кон ЕУ поради стратешките односи со САД е на лицемерни односи

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ вели дека загриженоста на опозицијата за нашите односи…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да донираме за лекување на 10-годишната Ева

10-годишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен…

February 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филипче со порака од Кочани: Сочувство до семејствата на загинатите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Кочани оддаде почит кон прерано згаснатите млади животи, изразувајќи сочувство до нивните семејства.…

March 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Одморалиштето „Пониква“ ќе биде отстапено за нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани

Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?