Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
ЕКОНОМИЈА

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

Објавено July 1, 2026 13:25
Сподели
Сподели

Во првиот квартал од 2026 година, плаќањата со платни налози на граѓаните бележат раст од 10,3% кај бројот и 14,6% кај вредноста на извршените платежни трансакции. Значителен е растот на електронските плаќања, и тоа за 21,9% кај трансакциите и за 23% кај вредноста, во споредба со истиот период од 2025 година.

Најголемиот број од платежните трансакции иницирани по електронски пат во анализираниот период се извршени преку мобилни апликации (72,8%), при евидентиран годишен раст од 25,9%, што потврдува дека употребата на мобилниот телефон преовладува, како најбрз и наједноставен начин на плаќање.

Натамошни позитивни движења има и кај плаќањата со платежни картички. Бројот на плаќањата со картички е поголем за 12,2%, а нивната вредност за 14,5%. Растот кај бројот на плаќањата произлегува пред сѐ од платежните трансакции направени преку интернет (18,7%), како и од плаќањата на физичките места на продажба (11,7%). Растот на дигиталните плаќања се должи и на воведувањето нови платежни решенија од страна на банките, со кои на граѓаните им се овозможува поедноставно и побрзо плаќање преку мобилни уреди, без употреба на физичка платежна картичка. Дигитализираните картички учествуваат со 17,9% во вкупниот број издадени платежни картички во земјата, а преку секоја дигитализирана картичка се извршени, во просек, 4 трансакции со мобилен телефон во земјава, што укажува на постојано зголемување на користењето на мобилните плаќања и промена на навиките на граѓаните во полза на користењето на придобивките од дигитализацијата.

Наведените податоци потврдуваат дека дигитализацијата на платежните услуги напредува, при што електронските плаќања и платежните картички имаат сè позначајна улога во секојдневните финансиски активности на граѓаните.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зајкова: Не може граѓаните од странство да имаат поголеми избирачки права од оние кои живеат и допринесуваат тука
Следна Статија Не пијте ледена вода на екстремни горештини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мукетов најбогат во Македонија, Србија доминира со милијардери

Најновата листа на 100 најбогати луѓе во Западен Балкан, објавена од српскиот неделник „Недељник“, покажува дека економската моќ во регионот…

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Оформени 50 предмети за случаи на нефер трговски практики

Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има веќе оформено 50 предмети за примери за нефер трговски практики, изјави заменик-министерот за…

January 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Финансиските акробати на Вол Стрит се борат за добивка од зделката на Warner Bros

Судирот меѓу Netflix и Paramount за холивудското студио го заокружува големата година за преговарачите

December 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип

Познатиот германски бренд „Лидл“ во Штип е заинтересиран за отворање на маркети на две локации. Градоначалникот на Општина Штип, Иван…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?