ВМРО-ДПМНЕ направи компромис по однос на сите барања на Левица и СДСМ, поврзани со финансирањето на изборните реклами, условите за важност на гласачкото ливче, формата на записниците на избирачките одбори и поднесувањето на приговори, како и за членот со кој се предвидуваа глоби за ширење на говор на омраза по социјалните мрежи, брифираат од владејчата партија за „Пресинг ТВ“.
Но, СДСМ и покрај тоа не прифати да има да се организира електронско безбедно гласање на дијаспората , со биометриска заштита на тајноста на гласањето и методологија која ќе се утврди со консензус на сите членови на ДИК.
Денеска со сличен став излезе и премиерот Мицкоски. Тој вели дека најголем дел од иселениците во Австралија не можат да патуваат од еден до друг крај на континентот само за да гласаат.
– Ние многу јасно кажавме, освен делот со дијаспората кажете се што треба ќе прифатиме. Немаме проблем, затоа што ние цениме дека нашата дијаспора треба да го оствари своето право по електронски пат. Да речеме во Австралија, треба некој да патува десет часа со авион за да го оствари своето гласачко право и тоа не е коректно. Зборувам за оние кои се на Избирачкиот список и оние кои поседуваат македонски пасоши. Се останато како што ќе кажат така ќе прифатиме – рече Мицкоски.
