Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Штедете пари за новогодишно пазарење во Лидл
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Штедете пари за новогодишно пазарење во Лидл
ЕКОНОМИЈА

Штедете пари за новогодишно пазарење во Лидл

Објавено July 1, 2026 16:47
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на првиот маркет на „Лидл“ во Струмица, оценувајќи дека станува збор за една од најзначајните инвестиции во земјата, која ќе има големо значење и за Струмица и за целиот регион.

Тој истакна дека просторот на кој се гради маркетот за само неколку месеци доживеал целосна трансформација, а во наредниот период ќе прерасне во модерен трговски објект.

„Драго ми е што најголемиот бренд во трговијата, „Лидл“, доаѓа во Македонија. Тоа е значајно и за државата, бидејќи ја позиционира на инвестициската мапа, но и за подобрување на бизнис-климата. Особено ме радува што успеавме да дадеме поддршка за реализација на инвестиции вредни околу 200 милиони евра“, рече Николоски.

Тој нагласи дека Владата се бори за секоја инвестиција, за секое евро и за секое ново работно место, оценувајќи дека инвестиција од 200 милиони евра претставува огромен поттик за македонската економија.

Осврнувајќи се на значењето на новиот објект во Струмица, Николоски рече дека маркетот ќе придонесе за развојот на целиот регион, ќе им понуди квалитетни производи на потрошувачите, но и ќе отвори нови можности за пласман на домашното земјоделско производство.

„Убеден сум дека „Лидл Македонија“ ќе ги препознае најдобрите производи од Струмица и струмичкиот регион. Токму овде се произведуваат најквалитетните раноградинарски култури и верувам дека тие ќе се најдат на трпезите не само во Македонија, туку и низ целиот регион. Знам дека „Лидл“ веќе извезува домашни производи, што е од големо значење за земјоделците. Ова е земјоделски крај каде што луѓето работат напорно, од раните утрински часови, и знаат што значи вложениот труд. Затоа сум благодарен што обезбедувате сигурен пласман за нивните производи и придонесувате за подобрување на нивната цена“, изјави Николоски.

Тој најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува инвеститорите преку поедноставување на административните процедури.

„Во таа насока направивме измени на Правилникот за урбанистичко планирање, со што вакви објекти треба побрзо да стануваат реалност низ целата држава. Очекувам оваа позитивна приказна да продолжи и се надевам дека околу Нова година ќе ги видиме првите маркети на „Лидл“ отворени во Македонија“, порача Николоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски нема да се кандидира за претседател на државата
Следна Статија Скоро 1000 бесправно изградени објекти се регистрирани лани во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП: Непречено тече поднесувањето на МПИН пресметките, како се обработуваат, така се испраќаат кодовите до даночните обврзници

Вкупно 59.681 даночни обврзници веќе поднеле МПИН пресметки за месец март. Од нив, 30.090 даночни обврзници веќе ги платиле МПИН…

April 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во сирење со декларација од 20% млечна маст имало само 1%, утврдила контролата на АХВ

Вонредните контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) открија сериозни отстапувања кај дел од млечните производи што се продаваат…

May 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика,…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Италијанскиот амбасадор: Нема гаранција дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во преговорите

Нема правна или политичка гаранција што може да и се даде на македонската влада дека нема да има нови блокади…

March 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?