Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривични пријави за родителите и малолетничките за врсничкото насилство во Аеродром
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривични пријави за родителите и малолетничките за врсничкото насилство во Аеродром
ХРОНИКА

Кривични пријави за родителите и малолетничките за врсничкото насилство во Аеродром

Објавено July 2, 2026 11:58
Сподели
Сподели

Две малолетнички, поврзани со врсничкото насилство во општина Аеродром, како и нивните родители биле повикани во полициска станица, каде е извршен разговор со нив, по што ќе следуваат и соодветни кривични пријави, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Скопје вчера во 19:30 часот 31-годишна жена пријавила дека на 30 јуни околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка, која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува.

Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници кои биле присутни, а едниот од нив го познавала. Истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители.

За случајот, како што соопшти МВР, известен е јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Во врска со предметниот настан, додаваат од МВР, се преземаат активности за утврдување на идентитетот и на други инволвирани малолетни лица за целосно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 и за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наскоро и странските таблички ќе добиваат казни од „Безбеден град“
Следна Статија ЕУ ќе го прераспредели финансирањето од Западен Балкан во корист на Македонија, Црна Гора и Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанец ја следел неговата поранешна сопруга, психички ја вознемирувал и ја застрашувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од…

April 23, 2025
ХРОНИКА

Почина 17 годишниот пациент кој се здоби со изгореници од струен удар

Согласно информации од комплексот клиники “Мајка Тереза” за жал и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17…

January 19, 2025
ХРОНИКА

Измамена жена од Кочани- Дошле да „растураат“ магија, земале пари и накит и си заминале

62-годишна жена вчера во ОВР Кочани пријавила дека била измамена од две женски лица. Оштетената тврди дека во двор од…

December 7, 2025
ХРОНИКА

Екс потпретседателот на СДСМ ограбен за Велигденските празници, украден сеф, вредноста на предметите околу 50.000 евра

Поранешниот потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи е ограбен. Дел од медиумите пишуваат дека од домот му бил украден сеф, а…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?