Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР: Приведени се двајца скопјани за предизвикување на пожарот кај Рампа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР: Приведени се двајца скопјани за предизвикување на пожарот кај Рампа
ХРОНИКА

МВР: Приведени се двајца скопјани за предизвикување на пожарот кај Рампа

Објавено July 6, 2026 15:19
Сподели
Сподели

Приведени се двајца скопјани поради сомнение дека предизвикале пожар во напуштен објект на булеварот „Македонија“, односно кај местото Рампа во скопска Кисела Вода, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Осомничените се товарат за кривично дело предизвикување општа опасност.

„Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (34) и И.Х. (39), двајцата од Скопје, затоа што околу 16 часот предизвикале пожар во напуштен објект на булеварот ‘Македонија‘ во Скопје“,се вели во полициското соопштение.

Во пожарот, како што информираат од полицијата, повреден е еден пожарникар, додека две противпожарни возила претрпеле материјална штета.

Според МВР, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против осомничените ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вчера попладне соошти дека пожарот што избувна во објект кај местото Рампа во Кисела Вода е локализиран и ставен под контрола во рекордно време благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Пресретнувачи“ ќе ги казнуваат странските возила низ земјава
Следна Статија (ВИДЕО) „Понеделнички“ е новата песна на Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонски државјанин со нож ја убил сопругата пред очите на малолетните деца во Германија

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија, а насилникот бил македонски државјанин. Како што соопшти Билд ја избодел со месарски…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Четири дена по убиството на Вања, Палевски ја земал целата опрема за подкаст и заминал за Белград!

Денеска во Кривичниот суд на прашања од обвинителите одговараше првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо…

April 28, 2025
ХРОНИКА

Загина скопјанец откако со возило излетал од патот Велес-Скопје

Денеска (04.12.2024) во 07.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Велес- Скопје, во атар на нас.Дрма,…

December 4, 2024
ХРОНИКА

Почина новинарот и поранешен директор на МИА, Живко Георгиевски

На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство. Георгиевски беше директор на…

May 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?