Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР и АНБ ja истражуваат мрежата што поттикнува омраза меѓу Бугарија и Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР и АНБ ja истражуваат мрежата што поттикнува омраза меѓу Бугарија и Македонија
МАКЕДОНИЈА

МВР и АНБ ja истражуваат мрежата што поттикнува омраза меѓу Бугарија и Македонија

Објавено July 6, 2026 16:37
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) спроведуваат истрага против 20-ина комуникациски канали, меѓу кои веб-портали, како и страници и профили на Фејсбук и Инстаграм, поради сомневање дека биле користени за организирано ширење говор на омраза и поттикнување тензии преку содржини поврзани со односите меѓу Македонија и Бугарија, објави порталот Скопје 1.

Во фокусот на истрагата се повеќе содржини објавувани во изминатиот период поврзани со внесувањето на Бугарите во Уставот, како и провокативни објави и материјали кои, според сомневањата, имале цел да поттикнат меѓусебни навреди, омраза и радикализација на јавната дебата меѓу македонски и бугарски граѓани. Се истражува и начинот на финансирање на дел од овие активности.Доколку се утврди дека има елементи на кривично дело, МВР ќе постапи во согласност со законските надлежности и ќе преземе соодветни мерки.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна, во интервју за МРТ, зборувајќи за последните инциденти на релација Бугарија – Македонија, како што беше палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје и протечената дипломатска нота за патувањето на неговото семејство во Пампорово, Бугарија, оцени дека се провокации што се дел од организирана бугарска кампања во нашата држава, а кои имаат за цел промоција на неприфатливи работи преку еден или двајца политички ликови.

– Ниски страсти и организирана кампања што во овој период е забележлива. Ние сме зафатени со реконструкцијата и го користат слободниот простор, еден, двајца политички ликови во државава да се обидат да промовираат нешто што никој не може да го прифати. Ова е еден поширок обид за влијание тука… Јас многу малку верувам во случајност во политиката – изјави тогаш Мицкоски.

АНБ во март годинава спроведе истрага против организирана мрежа, која преку пропагандни активности поттикнува омраза, нетрпеливост и насилство помеѓу македонските и бугарските граѓани во двете земји. По претходно обезбедени информации на АНБ, кои укажуваа на субверзивно-пропагандни активности во земјава на домашни и странски недржавни актери, Јавното обвинителство и МВР/БЈБ синхронизирано презедоа организирани мерки и активности за кривично-правен прогон на лица и одземање пропагандни материјали што имаат за цел да предизвикуваат етничка и национална нетрпеливост, раздор и омраза меѓу граѓаните – информираа тогаш од АНБ.

Наведените активности, како што додадоа, биле поттикнати „во координација и по насоки на бугарски државјанин, кој подолг период на социјалните мрежи и преку бот-мрежа на информативни портали спроведувал пропагандни активности со цел поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство помеѓу македонските и бугарските граѓани во двете земји, од позиција на недржавен прокси-актер во функција на хибридно поткопување на стратешките евроинтегративни процеси на Македонија и загрозување на европската безбедност“.

Како што објавија тогаш дел од медиумите, Виктор Стојанов, бугарски државјанин и претседател на Фондацијата „Македонија“, е лицето што било опфатено во пријавата за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Стојанов во јавноста е познат по своите негаторски и навредливи изјави за македонскиот народ и држава. Тој по инцидентот со запалените возила пред бугарската амбасада, повикуваше на протест и блокирање на бугарско-македонските гранични премини, но по реакциите на официјална Софија, се откажа од блокадата. На Стојанов му е изречена забрана за влез во земјава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари
Следна Статија Велковски стана татко по втор пат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Жестоко ќе работиме како Влада, напорно и чесно за да покажеме дека можело да биде и поинаку

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски присуствуваше на поставување на камен темелник на изградба на трговски центар во Општина Гевгелија. Тој…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во Вашингтон на важни состаноци пред инаугурацијата на Трамп

Директно од аеродром на состанок, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи Во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со…

January 19, 2025

Утре е Богојавление, на полноќ направете ја следнава работа!

Утре е големиот христијански празник Богојавление - Водици. Поради тоа, на полноќ замислете желба. Вечерва е посебна бидејќи небото се…

January 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема уставни измени без гаранции, ако треба ќе чекаме децении

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата нема да прифати уставни измени под услови кои, како што рече, директно го…

March 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?