Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Престанува мандатот на градоначалникот на Брвеница, следува постапка за нови избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Престанува мандатот на градоначалникот на Брвеница, следува постапка за нови избори
МАКЕДОНИЈА

Престанува мандатот на градоначалникот на Брвеница, следува постапка за нови избори

Објавено July 7, 2026 16:55
Сподели
Сподели

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се отвора постапката за распишување предвремени избори за избор на нов градоначалник, согласно законските рокови и процедури.

Како што информира портпаролката на Владата, Марија Митева, Министерството ја започнало постапката по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница за настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен престанок на мандатот на градоначалникот по сила на закон.

Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник – изјави Митева.

Од Владата посочуваат дека со усвојувањето на информацијата и донесувањето на одлуката се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка во согласност со важечките прописи и рокови.

На 23 јуни годинава ненадејно почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уште еден објект под заштита на државата срушен во Старата скопска чаршија
Следна Статија Македон Димитровски со куп награди се враќа и од Несебар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Митева и Лефков: Направивме увид на одморалиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар

Портпаролката на Владата, Марија Митева и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, извршија увид во одморалиштето на Пониква, кое наскоро ќе…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Будимпешта со излагање на сесијата посветена на економска сигурност и меѓусебно поврзување

Денеска заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваме на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ)…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кардиологот и алпинист Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Возниот парк во земјава е стар 20 години

Во последните десет години над 80% од увезените автомобили се половни, а годинава на еден нов автомобил доаѓаат 3,5 половни.…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?