Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: САД извршија нови воздушни напади врз Иран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > САД извршија нови воздушни напади врз Иран
СВЕТ

САД извршија нови воздушни напади врз Иран

Објавено July 8, 2026 09:39
Сподели
Сподели

Американските вооружени сили извршија нови воздушни напади врз Иран, само неколку часа откако три трговски брода беа нападнати во Ормуската Теснина.

Според американски официјални претставници, нападите биле насочени кон повеќе воени цели и пристанишни објекти во Иран.

Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека нападите биле извршени „со цел да се наметнат сериозни последици поради нападите врз трговски бродови со цивилни екипажи на меѓународен поморски пат“.

Американски претставник изјави дека цел на нападите биле ирански системи за противвоздушна одбрана, системи за крајбрежно набљудување, ракетни системи земја-воздух, како и лансирни позиции за противбродски крстосувачки ракети и беспилотни летала. Меѓу целите биле и ирански пристанишни капацитети.

Иранските државни медиуми објавија дека се слушнале експлозии во градот Кешм и во пристанишниот град Бандар Абас.

Слична размена на ирански напади врз бродови и американски одмазднички акции имаше и кон крајот на минатиот месец, но дека новите напади се случуваат во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп престојува во Турција на Самитот на НАТО.

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека американските напади претставуваат грубо кршење на првата и втората точка од Меморандумот за меѓусебно разбирање потпишан во Исламабад.

„Нападот на САД врз Иран претставува грубо прекршување на точките 1 и 2 од меморандумот за меѓусебно разбирање склучен во Исламабад“, го цитираше иранската агенција Фарс Гарибабади, кој додаде дека САД во последните три недели повеќепати ги прекршиле одредбите од договорот.

Врховната заедничка воена команда на Иран, Централниот штаб „Хатам ал Анбија“, денеска соопшти дека иранските вооружени сили „разорно“ ќе одговорат „разорно“ на американските напади, оценувајќи дека станува збор за „отворена агресија“.

Во соопштението се наведува уште дека Техеран нема да дозволи САД да се мешаат во управувањето со Ормуската Теснина.

Командата истакна дека единствениот безбеден пловен пат за трговските бродови и нафтените танкери низ Теснината е оној што го определува Иран.

Во меѓувреме, Кувајт соопшти дека изутринава биле активирани неговите системи за ракетна одбрана, а исто така за напади информираа и властите во Бахреин.

Засега нема информации дали има нанесени штети во ниту една од двете земји

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Евркомесарката за проширување Марта Кос во посета на Скопје
Следна Статија УХМР издаде метео-аларм за силен ветер – Попладне невреме во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави вчера дека ЕУ треба да постигне „брз и едноставен“ трговски договор со САД, а не…

June 27, 2025
СВЕТ

Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

Царините планирани од американскиот претседател Доналд Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот, изјави денеска претседателката на Европската централна банка…

April 2, 2025
СВЕТ

Телото на папата Франциск вечер ќе биде положено во ковчег

Кардиналот Кевин Фарел, камерленго на Светата Римска Црква, ќе претседава со обредот за констатирање на смртта на папата Франциск и…

April 21, 2025
СВЕТ

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

Светски познатиот научник Џејмс Вотсон, кој ја делеше Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година за помош во…

November 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?