Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема траги на насилство, покажал првичниот извештај за смртта на младата Македонка во Солун
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Нема траги на насилство, покажал првичниот извештај за смртта на младата Македонка во Солун
ХРОНИКА

Нема траги на насилство, покажал првичниот извештај за смртта на младата Македонка во Солун

Објавено July 8, 2026 15:40
Сподели
Сподели

Млада жена од Македонија е пронајдена мртва во стан во областа Неаполи во Солун, откако нејзиното семејство со денови не можело да стапи во контакт со неа. Според грчките медиуми, близок роднина заминал до станот во кој престојувала и ја пронашол без знаци на живот, по што веднаш биле известени полицијата и надлежните служби. Првичните наоди од обдукцијата не покажале траги што би упатувале на кривично дело.

Грчкиот медиум „Тестивал“ објави дека, според досегашните судско-медицински наоди, смртта најверојатно се должи на патолошки причини. Надлежните органи сè уште ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни информации и да ја потврдат точната причина за смртта.

Девојката била пријавена за исчезната откако нејзините родители не можеле да ја добијат. По безуспешните обиди да стапат во контакт со неа, роднина отишол во станот во Неаполи, каде ја пронашол почината.

Според грчките извештаи, на местото бил повикан судски лекар. Од макроскопскиот преглед на телото и од досега собраните информации, не биле утврдени знаци што би укажувале на насилна смрт или криминално дело.

Случајот сè уште се истражува, а надлежните ги проверуваат сите околности поврзани со смртта на младата жена. Точната причина ќе биде позната по завршување на дополнителните анализи.

Во дел од македонските медиуми се појави неофицијална информација дека девојката била од Прилеп, но тоа засега не е официјално потврдено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СРПСКИ „Ало“ медиа систем купува телевизија и радио во Скопje
Следна Статија ДУИ најави нов граѓански протест за заштита на Охридскиот рамковен договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Вечерта пред грабнувањето: Александар им пратил порака на ќерките следниот ден потопло да се облечат – Обвинителката праша дали сакал да ги спреми за на планина или училиште

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска го испрашуваше Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, на денешното рочиште во судот. Ѓорчевски повтори дека…

April 11, 2025
ХРОНИКА

Определена мерка притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“

Мерка притвор во траење од 30 дена за првоосомничениот – вработен во едно од обвинетите правни лица и мерки на…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Еден загинат и тешко повреден тинејџер во директен судир на експресниот пат Штип – Велес

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал маж, а…

October 12, 2025
ХРОНИКА

Обвинителката Стојковиќ: На снимките се гледа дека учествуваат сите четворица, нема дилема во нивниот лик

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска по денешното рочиште рече дека нема дилеми од снимките од домот на обвинетиот Велибор Манев покажуваат…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?