Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Труење со салмонела во Прилеп, од 44 работници хоспитализирани биле шест
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Труење со салмонела во Прилеп, од 44 работници хоспитализирани биле шест
ЗДРАВЈЕ

Труење со салмонела во Прилеп, од 44 работници хоспитализирани биле шест

Објавено July 8, 2026 13:52
Сподели
Сподели

Бактеријата салмонела е причинител на труењето со храна на 44 вработени во прилепската компанија „Микросам“ кои конзумирале оброк приготвен од прилепската кетеринг фирма „Рустика“. Оброкот бил конзумиран во понеделникот, на 29 јуни, и станувало збор за макарони со изварка и јајца, констатираат од прилепскиот Центар за јавно здравје по извршените анализи.

Според епидемиологот Татијана Станимировиќ, од досегашното истражување се покажа дека 44 од 58 вработени во прилепската компанија „Микросам“ кои на 29 јуни конзумирале ист оброк имаат симптоми на труење со храна. Односно, стапката на заболувањето од труење со храна е висока и изнесува 75,5 проценти од експонираните. Од овие 44 лица, 6 беа хоспитализирани во прилепската градска болница, а останатите се со средно тешка и полесна клиничка слика.

– Самиот тек на епидемијата, наглиот почеток, брзото достигнување на максиумот на заболени и наглото престанување, ни покажува дека станува збор за акутно труење со храна, а истовремено и на еднократна експозиција на заболените, што, всушност, и ни е познато. Се работи за труење со храна предизвикано од бактеријата салмонела. Од 23 примероци на „столица“, земени од заболените, кај 11 е потврдено присуството на оваа бактерија. Ваквите труења, предизвикани со салмонела, најчесто се јавуваат по конзумирање на сирова храна или недоволно термики обработена храна од животинско потекло, месо, јајца, млеко или нивни продукти. Во овој случај, за време на ручекот, значи во понеделникот на 29 јуни, во мензата на фабриката била поделена храна- макарони со јајца и изварка. Од оваа храна, конзумирале вкупно 58 од присутните во првата смена, додека пак, другите 43 лица консумирале друг оброк кој тој ден бил на менито. Кај тие кои конзумирале друг оброк, нема симптоми на акутно труење. Така, може да кажеме дека храната конзумикрана за време на епидемијата (макаарони со јајца и изварка) е причина за појавата на труењето, објаснува епидемиологот Станимировиќ.

За време на увидите кои биле направени во кујната каде се приготвувала храната, не биле затекнати продуктите кои биле употребени за подготовката на храната, јајцата и изварката кои, најверојатно, еден од овие продукти, се извор на салмонелата. Земен е примерок од готов оброк за кој се чекаат резултати.

– Не може да кажеме дека изворот е утврден, туку е претпоставен и најверојатен. Земен е примерок од готов оброк, но сѐ уште не се готови резултатите од испитувањата кои се вршат во микробиолошката лабараторија при Институтот за јавно здравје во Скопје. Но, каков и да е резултатот, ние нема да ја отфрлиме претпоставката дека извор на труењето е храната, вели Станимировиќ.

Труењето предизвикано од бактеријата салмонела трае од три до седум дена, зависно од клиничката слика. Но лекувањето може да трае три и повеќе недели, па една од мерките е заболените да се изолираат од средината и контактот со другите.

Инаку, сѐ уште се затворени кујната во прилепската фирма за кетеринг „Рустика“ и мензата во прилепската компанија „Микросам“ каде се конзумирала храната.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекотрат само кусо информираа дека ги чекаат резултатите од Центарот за јавно здравје за понатамошни мерки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Само во Македонија: Со багер му срушиле дел од куќата додека спиеле
Следна Статија Четири деца и пет родители ќе одговараат за матретирањето на девојчето во Аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Истражување тврди дека оваа едноставна промена во секојдневната исхрана го намалува ризикот од смрт за 17 проценти

Замената на дневниот внес на путер со одредени растителни масла, како што е маслиновото масло, може да помогне да се…

March 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Лекарите одлучиле да не се оперира пациентот кој почина на Кардиохирургија, вели Таравари

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) нема констатирано недостатоци согласно надлежностите и се предлага постапка за стручен надзор до министерот…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со посна трпеза во центарот на градот, Прилеп ја прослави градската слава „Свети Никола“

Со благослови за радост, здравје, бериќет и добрамисла и со заедничка посна трпеза во центарот на градот, Прилеп ја прослави…

December 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Годишно во Македонија има по 5.000 мозочни удари, најмладиот има само 15 години

Околу 5.000 нови случаи со мозочен удар годишно има во државава и спаѓаме во земји со средна инциденца и преваленца,…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?