Нема сомнение дека Ерлинг Халанд е една од најголемите ѕвезди на овогодинешното Светско првенство.
Сепак, барем за момент, неговата слава ја украде Анастасија, Русинка од Москва е двојничка на познат фудбалер, а нејзиното видео на социјалните мрежи собра десетици милиони прегледи за само еден ден. Само на неговиот профил има близу 4 милиони прегледи.

Анастасија Костромитина (24) живее и работи во Москва како модел.
Во изјава за руските медиуми, таа рече дека првпат слушнала за сличноста со Халанд пред четири години од пријател. На почетокот, споредбата ја навредила, но сега сè прифаќа со хумор
