Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Граната од Првата светска војна тешка 45 килограми, пронајдена кај Неготино
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ФОТО) Граната од Првата светска војна тешка 45 килограми, пронајдена кај Неготино
ХРОНИКА

(ФОТО) Граната од Првата светска војна тешка 45 килограми, пронајдена кај Неготино

Објавено July 10, 2026 12:28
Сподели
Сподели

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираше интервенција за безбедно отстранување неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, што потекнува од Првата светска војна, информираат од ДЗС, додавајќи дека опасната граната беше пронајдена во атарот на селото Пепелиште, Општина Неготино.

фото: ДЗС

Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата беше реализирана во сложени услови. Со логистичка поддршка од Територијалната противпожарна единица – ТППЕ Неготино, којашто обезбеди чамец за пристап до локацијата, а пиротехничарот на ДЗС, Ѓорѓи Стефанов, безбедно ја извлече гранатата, по што таа беше транспортирана и обезбедена до нејзиното конечно уништување на Армискиот полигон „Криволак“, велат од ДЗС.

ДЗС упати благодарност до ТППЕ Неготино за професионалната соработка и навремената поддршка, а истовремено апелира до граѓаните ако пронајдат и забележат сомнителни експлозивни средства, да не ги допираат и поместуваат, туку веднаш да ги пријават на единствениот повикувачки бесплатен број за итни случаи 112.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарија отвори канцеларии во Пирот за вадење бугарски пасоши
Следна Статија Претседателот на Србија отвори страница на која граѓаните ќе можат да пријавуваат закани од функционерите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

На Табановце откриени непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два…

August 21, 2025
ХРОНИКА

Со секира го искршиле стаклото од кафулето, па со бензин го запалиле: обвинение против тројца за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се…

February 22, 2025
ХРОНИКА

Судијата Ѓоко Ристов во куќен притвор, а одземен му е и пасошот

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…

January 21, 2026
ХРОНИКА

Триесет и тригодишен затвореник починал во Охридската болница

Триесет и тригодишно лице од струшкото село Октиси, во тешка здравствена состојба починало во Болницата во Охрид – соопшти денеска…

November 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?