Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спорно било четвртото лице кое сакало да влезе во Албанија: МНР разговарало со претставник на Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Спорно било четвртото лице кое сакало да влезе во Албанија: МНР разговарало со претставник на Албанија
МАКЕДОНИЈА

Спорно било четвртото лице кое сакало да влезе во Албанија: МНР разговарало со претставник на Албанија

Објавено July 10, 2026 19:10
Сподели
Сподели

На барање на македонското Министерство за надворешни работи, вчера се одржа официјална средба со претставник на Амбасадата на Република Албанија во земјава. Како што информираат од МНР, средбата беше организирана во духот на пријателските односи и со цел разјаснување на настанот што се случи на граничниот премин Ќафасан, при кој на државјани на Македонија не им беше дозволен влез во Албанија.

Од МНР потенцираат дека на средбата беше побарана официјална информација од албанските власти за причините за одбивањето на влез на македонските граѓани. Настанот предизвика реакции и од политичката партија ВЛЕН, која побара од Тирана официјален одговор. Случајот се однесува на 8 јули, кога пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, заедно со заменик генералниот секретар на владата Хасим Муртезани, беа задржани на преминот околу еден час, а на едно лице од придружбата не му беше дозволен влез поради законски пречки.

Во меѓувреме, генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, на прес-конференција нагласи дека граничната полиција постапила во согласност со законските процедури.

„Генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, изјави дека Граничната полиција „постапила согласно законот во случајот пријавен вчера на граничниот премин „Ќафасан”, каде на едно лице не му било дозволено да влезе на албанска територија поради законски пречки”.“

Хита појасни дека на граничниот премин се појавиле четири лица, од кои три имале дипломатски пасоши и за нив немало никаква пречка.

„Три лица со дипломатски пасоши беа информирани дека можат да го продолжат своето патување. Другото лице, кое беше во нивно друштво, имаше законски пречки на границата и не можеше да патува во Албанија, рече тој.“

Директорот на албанската полиција додаде дека останатите тројца одлучиле да се вратат во Македонија, и ситуацијата била решена без понатамошни инциденти, потенцирајќи дека вакви случаи не се изолирани, туку се дел од секојдневната работа на граничните структури.

„Во текот на 2025 година, идентификувани се 625 слични случаи, додека само во првата половина од оваа година, регистрирани се 425 случаи, рече тој.“

Хита истакна дека државната и граничната полиција остануваат гарант за спроведување на законските прописи и дека нема простор за загриженост кај граѓаните во врска со нивните должности на граничните премини. Овој инцидент, иако привремено предизвика реакции, според албанските власти е пример за строго придржување кон законските процедури, особено кога станува збор за безбедноста и легалниот статус на лицата што влегуваат во земјата.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Демократската партија на Турците официјално се приклучи на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Македонија и Србија по 15 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Среќен роденден кралу“ – транспарент за Груби кај Мавровка, додека чека одлука за обвинение во куќен притвор

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби својот 49. роденден го дочека во куќен притвор, додека сè уште нема одлука дали против…

June 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Влада на Обединетото Кралство со соопштение за одлуката за стратешко партнерство со Македонија

Прес-службата на Владата на Обединетото Кралство обавува дека премиерот Кир Стармер, се сретна со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски на…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наследивме руиниран систем, но успеавме да ги поставиме темелите на промените

Во оваа тешка година имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин

Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?