Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожар на тешко достапен терен кај Валандово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пожар на тешко достапен терен кај Валандово
ХРОНИКА

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово

Објавено July 11, 2026 16:07
Сподели
Сподели

Пожар избувна денеска напладне на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово, а локалната самоуправа изрази сомневање дека огнот е намерно подметнат.

Според информациите од Општина Валандово, пожарот бил пријавен во 12:37 часот, по што на местото веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица Валандово. Пожарот во моментов е ставен под контрола, но неговото целосно локализирање е отежнато поради непристапниот терен.

Од Општината посочуваат дека првичните сознанија упатуваат на тоа дека не станува збор за случаен пожар, туку дека лицето кое го предизвикало, добро го познавало теренот и избрало локација каде што противпожарните екипи најтешко можат да интервенираат.

Паралелно со гаснењето на пожарот, од ТППЕ Валандово повторно апелираат граѓаните да не палат стрништа и други површини на отворено, потсетувајќи дека таквите постапки се казниви и претставуваат сериозна опасност за луѓето, имотот и животната средина.

Од противпожарната единица најавуваат дека против секое лице кое ќе биде затекнато или пријавено дека пали стрништа, ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните институции.

Надлежните ги повикуваат граѓаните секој забележан пожар веднаш да го пријават на телефонските броеви 193 или 112.

Овој пожар се случува само неколку дена откако Општина Валандово најави засилени мерки за превенција, вклучително и поинтензивни контроли и патроли на критичните локации. Воедно, потсетуваат дека и понатаму е во сила забраната за движење во шумите, освен за лицата кои поседуваат соодветна дозвола од ЈП „Национални шуми“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Градежен работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје
Следна Статија Почина репрезентативец на Јужна Африка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во фабриката „Макпрогрес“ во Виница

Пожар избил попладнево во фабриката „Винчини“ во Виница, кој го зафатил магацинот и неколку производни погони, информираат од Центарот за…

September 6, 2025
ХРОНИКА

Во Калиманско езеро пронајденот телото на жена која беше пријавена за исчезната

На 09.05.2025 во 09:45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена…

May 10, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради…

August 26, 2025
ХРОНИКА

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани-Штип

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што попладнево околу 14 часот се случи на експресниот пат Кочани – Штип,…

March 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?