Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костовски до обвинителката Коларевиќ: Ја запревте истрагата за ,,Мазут”, а мене ми крадете од животот што не сте ми го дале
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костовски до обвинителката Коларевиќ: Ја запревте истрагата за ,,Мазут”, а мене ми крадете од животот што не сте ми го дале
МАКЕДОНИЈА

Костовски до обвинителката Коларевиќ: Ја запревте истрагата за ,,Мазут”, а мене ми крадете од животот што не сте ми го дале

Објавено July 11, 2026 16:13
Сподели
Сподели

Бизнисменот Трифун Костовски на социјалната мрежа Фејсбук јавно и се обрати на обвинителката Катерина Коларевиќ, за која, како што вели, го поднела обвинението за Евростандард банка, предмет во кој е еден од обвинетите.

-Госпоѓо јавен обвинител Коларевиќ,

Вие го водите предметот поврзан со Еуростандард банка. Истовремено, во случајот познат во јавноста како „Мазут“, во кој се говореше за износ од околу 160 милиони евра, постапката беше затворена за неполна година, а осомничените беа ослободени од натамошно гонење.

Мојот случај, пак, го водите полни пет и пол години.

Пет и пол години пребарувате, испитувате, анализирате и се обидувате да пронајдете криминал и перење пари. Но не најдовте факти за сторен криминал. Не најдовте перење пари. И што направивте на крајот? Најдовте начин да ме гоните за наводна несовесност.
Кога фактите не се доволни за обвинение, системот, очигледно, бара друг изговор, пишува Костовски.

Тој во продолжение ја прашува обвинителката кому му служи?

-Дали постапувате исклучиво според законот и доказите или под притисок на центри на моќ кои сакаат моето име, мојот углед и мојот живот да бидат уништени?

Верував во Вас. Верував дека функцијата јавен обвинител подразбира независност, совест и храброст. Но, според она што го гледам, моќта на сивата еминенција е голема, а Вие безрезервно ѝ давате поддршка. Затоа сметам дека најчесно би било да си заминете од функцијата јавен обвинител. Само така би можеле од себе да ја тргнете дамката на сомнежот дека наместо на правдата, сте му служеле на нечии туѓи интереси.

Ми крадете од животот што не сте ми го дале…

Ова е извадок од мојата вечерашна колумна која ќе биде објавена во 20:00ч, насловена „ЈУДА ЖИВЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА“, вели Костовски.

Инаку пред два дена Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение за стечајот на Еуростандард банка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Meta ја повлече новата ВИ-алатка за фотографии
Следна Статија Пронајден нов вид диносаурус на Тајланд со врат долг 20 метри

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова за обвинувањата од СДСМ: Секогаш сум ги бранела националните интереси, она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави

Никогаш и никаде јас не сум ја претставила државата на начин каков што не прилега. Секогаш сум ги бранела националните…

May 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце-Елез Хан, со едно застанување

Профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан, каде е изградена нова физичка…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фрчковски: Не сум некој уживател, за да знам дали во Скопје има добар кокаин

Има ли во Скопје добар кокаин, беше прашан Јон Фрчковски во поткастот „Основано сомнение“? Не сум некој уживател, за да…

May 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Писмо на бугарскиот шеф на дипломатијата до Брисел: Македонија не ги исполнува обврските

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?