Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спасувачка акција на Шар Планина- извлечени тројца планинари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Спасувачка акција на Шар Планина- извлечени тројца планинари
МАКЕДОНИЈА

Спасувачка акција на Шар Планина- извлечени тројца планинари

Објавено July 12, 2026 12:21
Сподели
Сподели

Тројца планинари се евакуирани од непристапен терен на Шар Планина, откако претходно пријавиле дека се заглавени и дека на едниот од нив му се слошило, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, планинарите останале заглавени на непристапен терен на патот кон врвот Бистрица, а во меѓувреме едниот од нив добил болки во градите и отежнато дишење.

На 11.07.2026 во 18:46 часот во СВР Тетово, А.Ч.(38) од село Жеровјане побарал помош за него и уште две лица, Н.М. од с.Слатино и Б.А. од с.Глоѓи. Пријавителот известил дека со возило пристигнале до местото викано „Три води“, атар на село Теарце, по што пешки се упатиле кон планината Бистрица на Шар Планина, каде поради тежок и непристапен терен останале заглавени, а притоа оддеднаш му се влошила здравствената состојба со болки во градите и отежнато дишење.

Веднаш по добиената пријава се известени Полициското одделение Теарце и Територијалната противпожарна единица лоцирана во село Лешок. Н.М. и Б.А. успеале да го симнат А.Ч. до местото викано „Бачило“, каде биле пречекани од спасувачката екипа на Територијалната противпожарна единица“ соопшти МВР.

Во акцијата бил вклучен и алпинист-спасител, член на Тимот за брза интервенција и спасување во планина, кој веднаш се упатил кон пријавената локација.

„Во текот на целата акција, ЦУК преку РЦУК Тетово одржуваше континуирана комуникација со пријавителите и ја координираше работата на сите надлежни институции, согласно Стандардните оперативни процедури за спасување лица во животозагрозувачка состојба“ соопштија од ЦУК.

По пронаоѓањето, групата заедно со спасувачите пешки се спуштила до нивното возило, а во 20:40 часот кај местото „Три води“ биле прифатени од полициски службеници од ПО Теарце.

Лицата безбедно се спроведени до регионалниот пат кај с.Лешок, каде пристигнала екипа на Итна медицинска помош од Тетово, при што А.Ч. ноќеска во 00:55 часот со амбулантно возило е пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош.

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајден нов вид диносаурус на Тајланд со врат долг 20 метри
Следна Статија Денеска е Петровден: Оваа работа никако не ја земајте во раце

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еве како му оди бизнисот на Груевски во Унгарија, си исплатил дивиденда од 5.000 евра

Поранешниот премиер Никола Груевски се чини дека далеку од дома се пронајде во улогата на бизнисмен, бидејќи сè уште дава…

October 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дваесет години маратон не се слави, тажната приказна не ја напишавме ние, туку некој друг е авторот на тажната приказна,…

May 15, 2025
ХРОНИКА

ДЕТАЛИ ЗА НАЈНОВАТА АКЦИЈА: 20 лица под истрага за штета на државниот буџет за близу 5 милиони евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до…

January 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството се откажа од гонењето на Дрин Ахмети!?

Обвинителството се откажа од кривично гонење на Дрин Ахмети, внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со пиротехничките…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?