Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се одржува Галичка свадба – обичаи, традицонални носии, песни и ора како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Се одржува Галичка свадба – обичаи, традицонални носии, песни и ора како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
ЗАБАВА

Се одржува Галичка свадба – обичаи, традицонални носии, песни и ора како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство

Објавено July 12, 2026 13:06
Сподели
Сподели

Во Галичник денеска на Петровден се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026. И годинава се очекува Галичката свадба да ја проследат бројни посетители од земјава и странство и да посведочат на единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на мијачкиот крај.

Галички младоженци се Александар Пендароски и Мартина Михајлова. Годинава се навршуваат 35 години од првата современа Галичка свадба одржана во 1991 година, кога биле венчани родителите на Александар. Нивното учество на Галичката свдба е продолжување на едно семејно наследство и силна поврзаност со Галичник и неговите обичаи и традиција.

– За мене ова не е само свадба, туку продолжување на една семејна приказна и врска со Галичник која трае со генерации. Особено сум горд што токму годинава, кога се одбележуваат 35 години од свадбата на моите родители во Галичник, ќе имам можност и самиот да бидам галички младоженец – изјави Александар Пендароски, галички младоженец на прес-конференцијата што се одржа пред неколку недели.

Неговата избраничка Мартина Михајлова рече дека Галичка свадба е чувство што тешко може да се опише со зборови.

– Тоа е чест, одговорност и привилегија да се биде дел од традиција која опстојува со векови. Со нетрпение и огромна возбуда ги очекуваме моментите кога заедно со нашите семејства и сите гости ќе ја почувствуваме магијата на Галичник и на уникатните свадбарски обичаи – рече Михајлова.

Денеска е денот на венчавањето на младоженците и ќе бидат изведени традиционалните обичаи „канење на мртвите“, „канење на кумот“, „бричење на зетот“, „гледање низ прстен“, „тргнување по невеста“, дарувањето и останатите свадбарски ритуали. Венчавањето на младенците ќе се изврши во црквата „Св. Петар и Павле“, по што свеченоста ќе заврши со традиционалното испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

Вчера (сабота) се одржаа главните свадбарски обичаи со „китење на ситото“ и „замесување на сваќата“ по што следуваат пречекот на тапаните, китењето и поставувањето на свадбарскиот бајрак, симболичното „фрлање три пушки“ од куќата на зетот, како и изведбата на познатите свекрвино и невестинско оро, како и традиционалното „Тешкото“, во изведба на ансамблот „Танец“, на платото пред надалеку познатата чешма „Упија“. Во вечерните часови, невестата придружувана од свадбарите оди да полни вода од трите галички чешми, еден од највпечатливите обичаи на свадбата.

Манифестацијата годинава започна во петокот на 10 јули со културно забавна програма. Организатор е Месната заедница „Галичник“, а покровител на Галичка свадба 2026 е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Министерството за култура и туризам и годинава обезбедува институционална поддршка за одржувањето на манифестацијата, заедно со голем број компании и пријатели на Галичник.

Како и претходните години, целата програма на Галичка свадба 2026, која ги вклучува сите традиционални свадбарски обичаи, ќе биде емитувана преку видео-екран поставен на централното плато во селото, а ќе биде емитувана „во живо“ и на социјалните мрежи, со што манифестацијата се доближува и до оние кои немаат можност да бидат физички присутни на настанот.

За посетителите и годинава има посебен сообраќаен режим во селото, а организаторите и партнерите упатуваат апел до сите гости одговорно да уживаат во празничната атмосфера, одговорно да консумираат алкохол, да не управуваат возило доколку пијат и да придонесат за зачувување на чистата природа и убавината на Галичник.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ноќна потрага и кај Матка: Пронајден изгубениот турист
Следна Статија УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рики Мартин му оддава јавно признание на Бад Бани по доделувањето на Греми наградите

Рики Мартин е длабоко импресиониран од историската ноќ на Бад Бани на наградите Греми и сака да му оддаде јавно…

February 5, 2026
ЗАБАВА

Човек висел 70 километри на воз кој возел со брзина од 282 км/ч

Маж се залепил за надворешната страна на брз воз во Германија кој се движел со брзина до 282 км/ч и…

January 18, 2025
ЗАБАВА

Дејвид Бекам се обиде да се потшиша, но доживеа незгода

Дејвид Бекам повторно го привлече вниманието – овојпат поради „несреќен случај“ при стрижење што се случи во неговата бања. Имено,…

July 21, 2025
ЗАБАВА

Неандерталците биле способни да изведуваат стоматолошки интервенции

- Меѓународен тим на научници од Русија и САД, по извршена детална анализа на древен катник откриен во Сибир, дошле до…

May 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?