Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Ново врсничко насилство во Куманово: Девојче удирано со шлаканици и клоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Ново врсничко насилство во Куманово: Девојче удирано со шлаканици и клоци
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Ново врсничко насилство во Куманово: Девојче удирано со шлаканици и клоци

Објавено July 13, 2026 10:22
Сподели
Сподели

Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство, овојпат во Куманово, пристигна во „Слободен печат“. Претходно видеото го објави серијалот „Без цензура“ на новинарката Лиридона Вејсели.

Станува збор за настан кој според нашите информации се случил пред 1 месец, а во полициска станица Куманово имало обид да биде пријавен вчера, но девојчето што е жртва, дури денеска е примено на разговор во полиција. На видеото девојчето е брутално удирано од три други девојчиња, од кои едното според нашите информации има 19 години, со повеќе шлаканици и клоци. Во еден момент сторителките ја кубат за коса жртвата, оттурнуваат во ѕидот додека таа е во шок. Иницијално, овој напад е објавен на социјалната мрежа „снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“.

Во врска со објавеното видео за кое прашувате ве известуваме дека СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово презема мерки и активности за расчистување на случајот по што соодветно ќе ја известиме јавноста, одговорија од МВР за „Слободен печат“.

Ова е вторпат месецов да бидат обелоденети вакви немили сцени каде малолетнички се тепани од врснички и малтретирани, а потоа понижени на начин што снимките завршуваат на социјалните мрежи. Во скопската населба Аеродром, жртва беше девојче кое беше натерано да клекне на коленици и да се извинува, да каже дека нема да го пријави настанот во полиција, беше удирано со шлаканици и снимано, а настанот го поттикнуваше поголема група малолетници кои снимаа со мобилни телефони.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанец го убил таткото, кој пијан ја нападнал мајка му
Следна Статија Запален автомобилот на судијата Ѓоко Ристов кој имаше скриено 350 000 евра во ѕид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Стружанец градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридското Езеро

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (51) од Струга поради постоење основи на соменение за сторени кривични дела „узурпација…

March 31, 2025
ХРОНИКА

Определена мерка притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“

Мерка притвор во траење од 30 дена за првоосомничениот – вработен во едно од обвинетите правни лица и мерки на…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Утрово претрес во домот на Груби, тој уште не е дома, а го нема ни екс-директорот на Лотарија

Во голема полициска акција на МВР утрово направен е претрес на повеќе места, а во врска со сомнежи за организиран…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Уште едно видео со врсничко насилство, жртва е 14-годишно момче

Вчеравечер во СВР Скопје, А.Ј.(43) од с.Студеничани, скопско, пријави дека на 12.05.2026 околу 09:30 часот пред основно училиште на подрачјето…

May 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?