Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Талески: Скандал до скандал во МВР а Панче Тошковски останува министер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Талески: Скандал до скандал во МВР а Панче Тошковски останува министер
BlogПОЛИТИКА

Талески: Скандал до скандал во МВР а Панче Тошковски останува министер

Објавено July 13, 2026 18:05
Сподели
Сподели

Реконструкцијата на Владата е признание дека министрите на Христијан Мицкоски не испорачале резултати, но најголемиот доказ за двојните аршини е тоа што Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи и покрај серијата скандали што го потресоа МВР.

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во денешната собраниска расправа истакна дека реконструкцијата јасно покажува дека Владата признава неуспех, но истовремено ги штити најодговорните за состојбите во институциите.

„Од министрите за чие работење предупредував тука, во ова Собрание, останува Панче Тошковски. Замислете, Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи по сето она што му се случува во Министерството за внатрешни работи – од скандал до скандал. Секој ден имаме скандал што го карактеризира ова Министерство за внатрешни работи, особено господинот Панче Тошковски. Само денеска, од полициска станица во Кочани, на самиот министер му бега наркодилер од полициска станица и, замислете, истиот тој министер останува сè уште министер за внатрешни работи.“ рече Талески.

Тој нагласи дека ова не е изолиран случај, туку продолжение на низата пропусти и скандали во ресорот.

„Му се случи Кочани, што сè не му се случи на тој министер за внатрешни работи, но едно е сигурно, а тоа е дека е заштитен лично од Христијан Мицкоски.“ додаде тој.

Талески оцени дека реконструкцијата не носи никаква одговорност, туку покажува дека за министрите блиски до Мицкоски не важат никакви критериуми, без оглед на бројот на скандалите и последиците што ги трпат граѓаните.

„Министрите, господине Мицкоски, можете да ги промените, но не можете да ја смените вистината. А вистината е дека по две години оваа влада не ги испорача ветувањата што ги даваше за време на изборите.“ рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп тврди дека САД го заземаат Ормутскиот теснец
Следна Статија Лукаревска: Министерството за земјоделство ќе го води човек кој ништо нема поврзано со земјоделието

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски за средба со Ахмети: Ќе има средба… некогаш

Премиерот Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ќе има тет-а-тет средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети која беше договорена…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, следуваат итни законски измени

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно…

March 24, 2026
ПОЛИТИКА

Деспотовски: Ова не е СДСM, ова е атак на поединци кои во моментот управуваат со партијата

Ова што сега му се случува на СДСM, е срам кој што му го нанесуваат поединци, кои се тие аргументи…

December 30, 2025
Blog

Нова инвестиција од 8,5 милиони евра и 200 нови работни места на Бреинчајлд во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски и сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел денеска потпишаа договори за државна помош за два…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?