Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважна геополитичка инвестиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважна геополитичка инвестиција
СВЕТ

Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважна геополитичка инвестиција

Објавено July 13, 2026 21:18
Сподели
Сподели

– Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по денешниот состанок во Париз на Коалицијата на подготвените, изјави дека проширувањето на Европска Унија кон Украина, Молдавија и Западен Балкан е најважна геополитичка инвестиција.

– ЕУ е целосно обединета во својата стратегија за мир преку својата моќ – зајакнување на поддршката на Украина, зголемување на притисокот врз Русија и подготовка на патот кон праведен и траен мир, објави Кошта на платформата Икс.

Тој и му се заблагодари на претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој беше домаќин на состанокот на Коалицијата на подготвените за унапредување на поддршката за Украина.

– Проширувањето е клучна безбедносна гаранција – треба да го продолжиме и забрзаме овој процес. Проширувањето останува најважната геополитичка инвестиција, со Украина, Молдавија и Западен Балкан, посочи Кошта.

Утре во Брисел ќе се одржат Меѓувладини конференции за пристапување во ЕУ со четири земји-кандидатки: Црна Гора ќе затвори уште две поглавја, со што бројот на затворени поглавја ќе се зголеми на 18 од вкупно 33, Албанија ќе ги затвори првите три поглавја, а Украина и Молдавија ќе ги отворат преговорите во кластерот 6.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во економската соработка меѓу двете земји
Следна Статија (ВИДЕО) „Платив од свој џеб“: Маѓар по самитот на НАТО ужива на скутер на вода во Турцијa

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Бурата Клаудија усмрти три лица во Португалија, а предизвика поплави во Велика Британија

Три лица загинаа, а десетици се повредени во бурата Клаудија што ја погоди Португалија. Португалија и делови од Шпанија повеќе…

November 16, 2025
СВЕТ

Трамп го избра Шон Каран за нов директор на Тајната служба

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го избрал Шон Каран за нов директор на американската тајна служба. Каран беше дел…

January 23, 2025
СВЕТ

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа

Напорите за враќање на електричната енергија и греењето во областите во југозападен Берлин продолжуваат четврти ден по ред откако десетици…

January 6, 2026
СВЕТ

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција

Едно лице загина во земјотресот што вчера ја погоди северозападната турска провинција Баликешир, вели министерот за внатрешни работи Али Јерликај,…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?