Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието денеска ќе ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието денеска ќе ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати
МАКЕДОНИЈА

Собранието денеска ќе ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати

Објавено July 20, 2026 08:50
Сподели
Сподели

Собранието денеска ќе ја одржи 115.седница, на чиј дневен ред е и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија

Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, како што соопштија, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.

– Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството. Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и на меѓународниот енергетски пазар и доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати – посочија од владината прес-служба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не плачи Лео
Следна Статија Дали е заслужено? Родри-најдобриот играч на СП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија и Албанија воведуваат заеднички гранични премини и „One Stop“ контроли

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две…

June 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството се откажа од гонењето на Дрин Ахмети!?

Обвинителството се откажа од кривично гонење на Дрин Ахмети, внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со пиротехничките…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пријавете злоупотреба на службено возило: Објавeн телефон и меил за граѓаните

Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050 и…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството постапува во врска со евентуално кривично дело поврзано со отпадот во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?