Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски побара обвинителството да го истражи криминалот во претпријатието „Државни патишта“, поврзан со патот Скопје-Блаце
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски побара обвинителството да го истражи криминалот во претпријатието „Државни патишта“, поврзан со патот Скопје-Блаце
МАКЕДОНИЈА

Николоски побара обвинителството да го истражи криминалот во претпријатието „Државни патишта“, поврзан со патот Скопје-Блаце

Објавено November 5, 2024 22:20
Сподели
Сподели

Министерот за транспорт Александар Николоски во интервју за Алсат вели дека функционери на ДУИ и одредени структури од поранешната власт сакале да заработат со проектот за изградба на овој автопат. Во документите се вели дека Банката за обнова и развој од 2019 година ги одобрила средствата за изградба на овој пат и тие се достапни од 2021 година, но сепак сликата на терен е поинаква. Изградени се само 2 километри кои завршуваат во безна. Николоски обвинува дека поранешниот директор на државни патишта, Ејуп Рустеми, намерно го менувал проектот за да го поскапи проектот.

-Многу е важно што денеска на меѓуинституционално ниво го официјализираме почетокот на реализацијата на овој стратешки проект за Република Македонија. Временското растојание помеѓу Скопје и Приштина, од сегашните два часа, го прави само 45 минути, рече Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Ова е само еден дел, едно од десетината ветувања, каде со мапи и промотивни материјали се најавува почеток на изградбата на автопатот Скопје-Блаце, за кој се зборува со децении.

Од оваа конференција до денес поминаа четири години, но патот не е завршен. За 4 години биле изградени само 2 километри, а завршиле во дупка длабока 50 метри. Останатите 10,5 километри кои треба да продолжат до кружниот тек Станковец не се ни започнати.

Министерот за транспорт Александар Николоски во интервју за Алсат вели дека функционери на ДУИ и одредени структури од поранешната власт сакале да заработат со проектот за изградба на овој автопат. Во документите се вели дека Банката за обнова и развој од 2019 година ги одобрила средствата за изградба на овој пат и тие се достапни од 2021 година, но сепак сликата на терен е поинаква. Изградени се само 2 километри кои завршуваат во безна. Николоски обвинува дека поранешниот директор на државни патишта, Ејуп Рустеми, намерно го менувал проектот за да го поскапи проектот.

Николоски презентираше документ на компанијата за консултантски услуги СУЕЗ, која е избрана од ЕБОР за давање техничка помош за овој проект, што потврдува дека патот може да чини од 70 до 120 милиони евра повеќе од предвидената сума.

Во меѓувреме, во другиот допис е изразена загриженост за проектирање на шест тунели на овој патен правец, кои не ги исполнуваат стандардите.

Министерот нагласи и дека поседува документи за начинот на движење на имотот, од кои, како што рече, јасно се гледа како голем број имоти на трасата се препродадени на други сопственици. Тој рече дека го известил Обвинителството од кое бара да го истражи криминалот на „Државни патишта“.

Извор: Алсат телевизија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нетанјаху го разреши министерот за одбрана
Следна Статија САД/Избори: ФБИ уапси две лица поради закани поврзани со изборите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Состанок на Северноатлантски совет на НАТО – Мисајловски ја потврди македонската позиција за инвестирање во одбраната

Во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот…

February 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Прпоски: Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ е во тек

Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој се случи вчера наутро над Македонија е во…

July 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Трудовиот инспекторат ги проверува вработувањата во М-НАВ

По ланскиот упад, во М-НАВ е ангажирана полицијата, но веќе неколку месеци нема чувари од агенција за обезбедување. Безбедноста не…

August 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски и Сиљановска-Давкова на средба со Македонци кои живеат и работат во ОАЕ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Дубаи оствари средба со…

February 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?