Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На колку метри „фаќаат“ камерите?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На колку метри „фаќаат“ камерите?
МАКЕДОНИЈА

На колку метри „фаќаат“ камерите?

Објавено July 22, 2026 18:57
Сподели
Сподели

Дилемата меѓу возачите за тоа на колкаво растојание може да биат регистрирани од камерите за брзина и понатаму е присутна во секојдевното возење. Тоа зависи колку возилото ќе навлезе во зоната каде што камерата може соодветно да ја измери брзината. Сето ова зависи и од видот на системот што се користи.

Според експертите, фиксните камери не можат да снимаат на  стотици метри одалеченост. Нивните системи работат во точно определена зона на мерење, во која ја регистрираат брзината на возилото и, доколку има прекршок, го фотографираат.

Еден од најраспространетите системи во Европа е „GATSO RT4“. Тој ја мери брзината на приближно растојание од 10 до 100 метри, што значи дека уредот може да го евидентира прекршокот откако возилото ќе влезе во тој опсег. Фактот дека возачот ја забележал камерата на 300 или 400 метри однапред не значи дека во тој момент веќе е снимен или дека камерата веќе ја измерила неговата брзина.

-Сето ова не значи дека возачите треба да сопираат во последен момент бидејќи,  доколку возилото влезе во зоната на мерење со брзина над дозволената, камерата ќе го регистрира прекршокот, без оглед на тоа што возачот започнал да забавува само неколку метри пред тоа, предупредуваат експертите.

Според нив, возачите често ги мешаат фиксните камери со полициските радари и ласерските мерачи на брзина. За разлика од стационарните камери, кои работат во однапред одредена зона, преносните радари и ласерските уреди што ги користи полицијата можат да ја измерат брзината на значително поголеми растојанија.

– Камерата нема да ве сними веднаш, но нема ниту да ви „прости“ ако во зоната за мерење влезете со недозволена брзина. Затоа, возете според дадените прописи, советуваат експертите

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорческа се пријави и за квалификациите за УС опен
Следна Статија Ана Марија го засили Хајдук (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија

Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине,…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

УХМР: Жолто ниво на предупредување од поплави – постои потенцијална опасност од излевање на реките

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска издаде жолто ниво на предупредување за можни поплави — сигнал дека постои реална шанса за излевање…

November 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска најави 650 милиони евра за образованието идната година (ВИДЕО)

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, се обрати на завршната конференција на ИПА проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“.…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Само во Македонија: Со багер му срушиле дел од куќата додека спиеле

Несекојдневен инцидент се случил рано утринава во Штип, каде сопственик на семејна куќа пријавил дека дел од неговиот дом бил…

July 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?