Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Милан славеше над Реал во Мадрид, Спортинг го растури Сити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Милан славеше над Реал во Мадрид, Спортинг го растури Сити
СПОРТ

(Видео) Милан славеше над Реал во Мадрид, Спортинг го растури Сити

Објавено November 6, 2024 10:10
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Милан го совладаа Реал на „Сантијаго Бернабеу“ со 3:1 во натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите.

Во репризата на финалето на ова натпреварување од 1958 година, „росонерите“ покажаа дека не случајно Реал неодамна доживеа убедлив пораз од Барселона (4:0) во шпанското дерби.

Тој натпревар ги откри сите маани на тимот на Карло Анчелоти, а фудбалерите на Милан мотивирано влегоа во мечот и ги искористија сите слабости на ривалот.

Фонсека на овој натпревар му даде шанса на Малик Тијаша, а Германецот довербата ја оправда со гол во 12. минута.

Тој го искористи центаршутот на Кристијан Пулишиќ од корнер и со одлична реакција со глава ја упати топката во мрежата на Луњин. Неговиот прв гол за клубот на неговиот 60-ти настап.

Радоста траеше само околу 10 минути. Поранешниот играч на Реал Мадрид, Тео Ернандез, со очајно додавање во опасната зона ја испрати топката директно во нозете на Менди, тој го проигра Винисиус, по што направи соло продор и падна во противничкиот шеснаесетник. Тој беше соборен од Емерсон, но впечатокот е дека судијата Славко Винчиќ престрого досуди пенал.

Винисиус ја презеде одговорноста и со „паненка“ го совлада Мајк Мењан. Се чини дека тоа го налути Французинот, кој до крајот на мечот собра девет одбрани.

Можеби Винисису на мајсторски начин постигна гол, но она што го направи на крајот од првиот дел е една од причините зошто не ја освои „Златната топка“.

Чуамени испрати пас до него, но тој не се ни потруди да тргне кон топката, а средниот ред на Милан го искористи тоа и отвори контра. Леао шутираше, Луњин одбрани, а на одбината топка налета Мората и го постигна третиот гол во кариерата против клубот во кој ја започна кариерата.

Последниот удар на домаќините кои беа исвиркани на полувремето им го зададе Рајндерс во 73. минута по асистенција на Леао.

По четири кола Реал и Милан имаат по две победи и два порази. Реал Мадрид во следното коло му гостува на Ливерпул, додека Милан ќе биде фаворит против Слован во во Братислава.

Конечни резултати на натпреварите од 21:00 часот: Болоња – Монако 0:1, Борусија Дортмунд – Штурм Грац 1:0, Селтик – РБ Лајпциг 3:1, Лил – Јувентус 1:1, Ливерпул – Баер Леверкузен 4:0, Спортинг Лисабон – Манчестер сити 4:1, Реал Мадрид – Милан 1:3.

https://youtu.be/n7PbeLflT3g?si=prUiPZwMwsCcc4XV
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Трамп: Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела
Следна Статија Шилегов, Таче, Зечевиќ, Богоев, Бисера,Славјанка…никој не му дојде на Филипче на седницата на Централниот одбор на СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Погледнете ја докторската дисертација на Алисон и 10-те одбрани против играчите на ПСЖ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул синоќа во Париз го совладаа ПСЖ со 1-0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а…

March 6, 2025
СПОРТ

Вака Охрид ја освои Атина

Задоволство од победата, но и одличната игра, изразија тренерот ГРК Охрид Борис Ројевиќ, капитенот Гоце Ојлески и голманот Кристијан Пилиповиќ…

March 30, 2026
СПОРТ

Тудор возел 10 часа од Сплит до Торино за 500.000 евра

Хрватскиот тренер Игор Тудор го презеде Јувентус, а сега се откриени интересни детали околу неговиот ангажман, во клубот, чии дрес…

March 24, 2025
СПОРТ

(Видео) Дончиќ и Леброн го решија Хјустон

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа Хјустон Рокетс со резултат 104:98 во дербито на Западната конференција на НБА Лука…

April 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?