Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II
МАКЕДОНИЈА

Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II

Објавено November 6, 2024 15:43
Сподели
Сподели

Огромно признание за македонската полиција која рамо до рамо со полициите од преку 116 земји низ светот, успешно, професионално и посветено преземаа мерки во рамки на операцијата LIBERTERRA II на ИНТЕРПОЛ, која беше промовирана во текот на Генералното собрание во Глазгов, Обединетото Кралство.

На почетокот на октомври 2024 година, нашето Министерство за внатрешни работи беше домаќин на Европскиот оперативен штаб, воспоставен во рамки на меѓународната операција LIBERTERRA II, координирана од страна на ИНТЕРПОЛ, со учество на 116 држави од светот.

Глобалната операција беше насочена кон идентификување, откривање и сузбивање на криминалните групи кои се инволвирани во криумчарење мигранти, трговија со луѓе и други поврзани криминални активности.

Во текот на оперативните активности на LIBERTERRA II, покрај присуство на државите од Европскиот регион, од особено значење беше и присуството на обвинители од регионот, со цел координирање на заедничките оперативни случаи на трговија со луѓе и илегална миграција.

Преку координиран пристап на сите релевантни служби на национално ниво пред се, а потоа и на регионално и меѓународно ниво, оваа операција забележа значителни успеси и доведе до реализација на зацртаните цели.

Во рамки на сите фази, пред-оперативната, оперативната и пост-оперативната фаза, спроведени беа акциски контроли и извршени детални проверки на лица, возила и документи, како и HOTSPOT операција со присуство на претставници од Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ во прифатните центри за илегални мигранти.

Откриени се значителен број на мигранти, најмногу со потекло од Сирија, Палестина и Египет, а за одбележување се успешно реализираните случаи на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, меѓу кои се вбројуваат разбивањето на една од позначајните мрежи за криумчарење мигранти во државата, полициска операција под кодно име „Кипер“, при што од слобода беа лишени седум осомничени лица, членови на организирана криминална група за криумчарење мигранти од Сирија, Конго, Ирак, Нигерија, преку територијата на Македонија во Србија, како полициската операција „Шипка”, при што разбиена е организирана криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога, при што беа лишени 13 лица, а откриени 35 странски државјанки од Украина, Русија, Србија, Молдавија, Албанија, Колумбија и Македонија.

Во нашиот регион, сеуште се активни предизвиците поврзани со мигрантската криза, а криумчарењето мигранти останува еден од најатрактивните криминални пазари. И покрај фактот што обидите за илегално транзитирање низ нашата држава се со намален тренд, транзитната западно балканска рута и понатаму останува активна, чија флексибилност се користи од криумчарите за креирање нови модуси, со употреба на софистицирани технолошки средства.

Меѓународната соработка и учеството на нашата држава во оперативните активности координирани од страна на ИНТЕРПОЛ говори за нашата целосна посветеност за соработка, спроведување меѓународни истраги, како и развивање на механизми за брза размена на информации.

Нашите секојдневни заложби за позиционирање на македонската полиција во релевантен фактор во борбата против меѓународниот криминал се видливи и препознаени од страна на нашите партнери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Уште се преговара со комерцијалните банки за парите од унгарскиот заем
Следна Статија Мицкоски по победата на Трамп очекува уште поголемо зајакнување на исклучително добрите односи со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судење за „Пулс“: Нацев тврди дека е жртва на медиумски линч, одбраната негира дека тој е сопственик на „Рубикон“

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Во својот воведен збор, обвинетиот Александар…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители

Во изминатата година разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше…

July 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фатмир се качи на такси за да не му го земе Пајакот – Раскажа што се случило

Фатмир кој се качи на такси за да не му го земе Пајак раскажа што се случило Вистинска драма се одвиваше…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски – Ал Кајари: Зголемување на економската соработка со Катар и воспоставување директна авиолинија Скопје -Доха

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Рашид Бин Саед Ал-Кајари вршител…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?