Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Победата на Трамп ќе ги прекине кривичните постапки против него
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Победата на Трамп ќе ги прекине кривичните постапки против него
СВЕТ

Победата на Трамп ќе ги прекине кривичните постапки против него

Објавено November 6, 2024 18:14
Сподели
Сподели

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во основа ќе ги прекине кривичните постапки против него, барем на четири години колку што ќе биде во Белата куќа.

Последната правна пречка го чека на 26 ноември во Њујорк пред службеното враќање во Белата куќа на 20 јануари, а тоа е изрекување казна во единствената од четирите кривични постапки што неговите адвокати не успеаја да ја одложат.

Судот во Њујорк на 30 мај го прогласи за виновен за фалсификување документи пред изборите во 2016 година. Теоретски, тој се соочува со затворска казна до четири години.

Аферата се однесува на исплата на 130.000 долари, под превезот на правни такси, на ѕвездата на порнографскиот филм Сторми Даниелс, за да ја замолчи поради сексуалната врска во 2006 година. Доналд Трамп негира се.

Според експертите, сега се чини многу неверојатно судијата Хуан Мерчан да му изрече затворска казна, во случајот со првата казнена пресуда, со оглед на непремостливите практични тешкотии што би предизвикале затворање на избраниот претседател.

Што се однесува до двата федерални случаи кои се водат против него, работите се кристално јасни барем за следните четири години од неговиот нов мандат.

Републиканскиот кандидат кон крајот на октомври предложи дека доколку биде избран за претседател, ќе го „отпушти“ специјалниот обвинител за двата случаи, Џек Смит, кој беше назначен од Мерик Гарланд, државен обвинител на актуелната демократска администрација.

„Би го отпуштил за две секунди“, рече Трамп во интервјуто, во одговор на прашањето дали ќе се помилува себеси или ќе го отпушти специјалниот советник Џек Смит.

Двата случаи што ги истражува посебен тужител се фокусираат на наводните незаконски обиди на Доналд Трамп да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година и задржувањето на доверливи документи по заминувањето од Белата куќа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски по победата на Трамп очекува уште поголемо зајакнување на исклучително добрите односи со САД
Следна Статија Издрогиран скопјанец со голема брзина прегазил жена и избегал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Меѓузвезден комет 3I/ATLAS прелета покрај Земјата

Петок, 19 декември 2025: Вашиот дневен извештај за прелетот на меѓузвездениот комет 3I/ATLAS покрај нашата планета

December 20, 2025
СВЕТ

Сијарто: Победата на Трамп може да донесе мир во Европа следната година

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто денеска изјави дека победата на републиканецот Доналд Трамп на изборите во САД…

November 10, 2024
СВЕТ

Од воведувањето на новиот систем на 27.000 лица им бил забранет влезот во ЕУ

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000…

April 10, 2026
СВЕТ

ПРЕКИН НА УСЛУГИТЕ НА „СТАРЛИНК“ Илјадници Американци останаа без интернет

Сателитскиот интернет провајдер „Старлинк“ на милијардерот Илон Маск објави на својата веб-страница денеска дека има прекин на услугата. -Моментално има…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?