Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок

Објавено November 6, 2024 21:40
Сподели
Сподели

Очекувам во текот на утрешниот ден некои податоци кои што ќе ги објават институциите да бидат пријатно изненадување и потврда на нашите политики на краток рок, изјави попладнево премиерот Христијан Мицкоски на свеченото одбележување на 22-годишнината од формирањето на неговиот коалиционен партнер Демократските сили на Ромите.

Премиерот истакна дека октомври е прв месец којшто после долги години државата го завршила со суфицит, односно заработила повеќе отколку што потрошила.

Очекувам дека во текот на утрешниот ден, некои податоци кои што ќе ги објават институциите ќе бидат пријатно изненадување и потврда на нашите политики на краток рок. Месец октомври беше прв месец, којшто после не знам колку години го завршивме со суфицит, односно повеќе заработивме, отколку што потрошивме во Буџетот. Тој суфицит е 1 милијарда и 125 милиони денари, нешто што до вчера претставуваше невозможна мисија, ние денеска тоа го реализираме во пракса – рече Мицкоски.

За утре, според објавата на веб страната на Државниот завод за статистика, треба да бидат објавени најновите податоци за трошоците на живот, а прес-конференција има најавено и Народната банка на која треба да бидат објавени есенските макроекономски показатели.

Во врска со надворешната политика, премиерот рече дека државата успеала достоинствено и аргументирано да се претстави пред нејзините партнери, за што, рече, резултатите се веќе видливи.

Се боревме достоинствено да се претставиме и аргументираме пред нашите партнери на меѓународната сцена и мислам дека успеавме и дека резултатите се веќе видливи. На маса седиме со најголемите светски велесили. На маса бевме со канцеларот Шолц, на маса бевме и со поранешниот претседател на САД, на маса бевме со најблиските соработници на новиот претседател на САД, кои што дојдоа кај нас во Скопје и разговаравме за иднината, за економијата, за проекти кои што се повеќе проекти на 22 век – рече Мицкоски.

Средбата со најблиските соработници на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, премиерот ја оцени како шанса која што „никогаш во историјата сме ја немале како држава и шанса што можеби никогаш во историјата генерациите ќе ја немаат“, и затоа, смета дека државата мора да го искористи тоа на правилен и достоинствен начин.

Денеска ги видовме истите луѓе кои што беа пред некој месец тука со нас, рамо до рамо заедно со новоизбраниот претседател на САД (Доналд Трамп). Тоа се луѓето што ќе бидат во најблиската негова околина, од негова администрација, шанса која што можеби никогаш во историјата сме ја немале како држава и шанса која што можеби никогаш во историјата генерациите ќе ја немаат, затоа ние мораме да го искористиме тоа на правилен и достоинствен начин за да можеме да го одбраниме тоа што нашите претходници го продадоа последниве седум години – рече Мицкоски.

Нема простор за грешки, додаде, бидејќи државата треба со крупни чекори да оди напред за најпрво да ги стигне земјите од регионот, а потоа и развиените европски држави.

Нема да толерирам како претседател на Владата никаква импровизација, неработење или не дај боже некој да го извалка сопствениот образ, мојот образ и образот на граѓаните. Нема повеќе простор за било каква грешка, треба со крупни чекори да одиме напред за најпрво да ги стигнеме земјите во околината, а потоа и развиените европски држави – рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија
Следна Статија АлсатМ: Судскиот совет донесе одлука за утврдување одговорност за судијата Пајазит Пајазити

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МАЛИ ХЕРОИ И НАША ГОРДОСТ: Четворица четвртооделенци спасија човечки живот (ФОТО)

Четвртооделенците, Марко Ташков, Ристе Димитров, Михаил Трајчев и Давид Илиев од штипското Општинско основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“ се млади…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Четири месеци Антикорупциска комисија молчи за пријавата на обвинителот Јован Цветановски

Изминува четвртиот месец откако суспендираниот виш јавен обвинител Јован Цветановски поднел пријава за судир на интереси на државниот обвинител Љупчо…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тим од пластични хирирурзи ќе престојува во Кочани, се очекува 16 повредени во пожарот да заминат на домашно лекување

Шеснаесет пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани и се лекуваа во земјава се очекува да бидат испишани од…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Охрид СОС: Оние на власт, бивши и сегашни допуштаат изградба на хотел во Горица на сметка на светското наследство

Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март пишува дека додека мисијата се…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?