Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија ја совлада Естонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонија ја совлада Естонија
СПОРТ

Македонија ја совлада Естонија

Објавено November 6, 2024 23:30
Сподели
Сподели

Македонската ракометна репрезентација потешко од предвиденото ја совлада Естонија со 37-33 (20-20), во првиот натпревар од евро-квалификациите. Натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ се играше пред неисполнета сала и со далеку подобри напади од одбрани на двете селекции.

Без Митревски и Талески и со Филип Кузмановски како нов капитен македонската селекција ги пречека мотивираните Естонци. Кизиќ почна меѓу стативите, а Павле Атанасијевиќ го отвори резултатот. Кузмановски со три седмерци се наметна и во четвртата минута веќе беше 4-1. Првиот погодок во националниот тим на официјален натпревар го постигна Петковски од крилната позиција за 7-4 во 10. минута.

Во ритам влезе и Марко Митев и со два гола во негов стил ја одржуваше разликата од 2-3 гола. Сепак, Тум и Варул полека ја разбиваа нашата одбрана и одржуваа мало заостанување. Мартин Серафимов со два гола одлично влезе во мечот, но Естонците лесно наоѓаа „дупка“ во нашата одбрана и постигнаа голем број на лесни голови. Јирген Роба од контра погоди за 16-15 во 23. минута. Естонската игра започна да загрижува и при 19-19 селекторот Лазаров повика тајм-аут. Со таква инерција заврши првиот дел, а Македонија на одмор заминаа без предност (20-20).

На почетокот на вториот дел Естонија првпат поведе и со брза игра започна да ги загрижува нашите фанови на трибините. Лазаров повика минута одмор во 40. минута на -2 и веднаш дојде реакцијата. Серафимов и Џонов погодија и брзо натпреварот пак дојде во егал. Кизиќ на голот и Џонов од транзиција ја вратија предноста и Јанар Маги повика тајм-аут. Серафимов со три гола и Кизиќ со две одбрани го вратија натпреварот во мирни води и во 47. минута Македонија веќе водеше со 31-28.

Со концентрирана игра во одбрана и гол на Велковски во 50. минута македонската селекција дојде до највисоки +5. Следеше нереализиран седмерец на Кузмановски и исклучување на Карасманакис и Естонците намалија на 34-31 во 55. минута. Без драма нашата селекција го одби последниот естонски напад и извојува победа од 37-33.

Најефикасни во нашиот национален тим беа Серафимов со десет и Митев и Кузмановски со по седум гола, а кај Естонија одличен натпревар одигра Карл Тум со единаесет погодоци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бајден му честиташе на Трамп за победата на изборите и го покани во Белата куќа
Следна Статија Харис: Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата за слободата и идеалите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонските кошаркари убедливо поразени на гостувањето во Унгарија

Кошаркарската репрезентација на Македонија убедливо загуби на гостувањето во Унгарија со 96:58. Резултат по четвртини: 19:18; 34:19; 17:14 и 26:7.…

August 9, 2025
СПОРТ

Се огласи Димитров: Понекогаш срцето сака да продолжи, но универзумот има поинаков план за нас

Бугарскиот тенисер Григор Димитров по повредата се огласи од болница. Понекогаш срцето сака да продолжи… но универзумот има поинаков план…

July 11, 2025
СПОРТ

НФЛ Дивизиска рунда: Најголемото непосредно прашање за тимовите кои напредуваат и испаднаа од плеј-офот

Во ова издание на Првото читање, Џефри Чадиха открива најитното прашање за секој од НФЛ тимовите кои напредаа во Дивизиската…

January 13, 2026
СПОРТ

Јувентус нуди 50 милиони евра за „бедемот“ на одбраната на Барселона

Приказните за трансфер пазарот стануваат сè почести, а шпанските медиуми објавуваат спектакуларна шпекулација во режија на Јувентус и Барселона. Според…

June 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?