Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат

Објавено November 7, 2024 20:51
Сподели
Сподели

Спроведувањето на реформската агенда е пат без алтернатива, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“ во Брисел.

Говорејќи на панел дискусија посветена на проширувањето на ЕУ, Димитриеска-Кочоска потенцира дека Владата за пет месеци не може да го надомести она што е пропуштено во изминатите седум години, период во кој, како што рече, се вратени многу средства кон ЕУ фондови поради нереализирање на проекти.

Фокусирани сме на реализација на утврдените задачи. Тука сме не само да кажеме, туку и да покажеме пред европските држави дека сакаме да бидеме дел од ЕУ семејството. Ако земјите од ЕУ се силни и ние сме силни. Малите земји ве следат. Кога сте вие силни не мотивирате нас да работиме повеќе. Бидете силни, работете на соработка и поттикнете ги малите земји да се силни, посочи Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека реформската агенда за реализација на Планот за раст е многу важна и се однесува на значајни реформи во јавната администрација и управување со јавните финансии, дигитална и енергетска транзиција, човечки капитал, деловно опкружување и владеење на правото.

Особен осврт направи на реформите во областа на управувањето со јавните финансии, при што потенцира дека се стремиме да управуваме со јавните финансии на начин што обезбедува ефикасно спроведување на политиките, подобрена финансиска дисциплина, добро управување со фискалните ризици и зајакната фискална одржливост.

За време на престојот во Брисел Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а имаше состанок и со претставници од Европската народна партија ( ЕПП).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азизи: Предвремени избори нема да има, Албанците му дадоа црвен картон на ДУИ пред 4 месеци!
Следна Статија Плевнелиев: Бугарија потона во популизам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трамп најавува планови за намалување на правилата за ефикасност на гориво за автомобили

Извршни директори од Ford, GM и Stellantis се придружија на претседателот додека најавуваше планови за повлекување на правилата кои ги…

December 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на средба со раководството на 4IG, пакет од 100 милиони евра инвестиции во телефонијата, вештачката интелигенција и енергетиката

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во рамките на 62. Минхенска безбедносна конференција, оствари средба со раководството на 4IG. Како што информира…

February 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Трипуновски: Во зелката вратена од Хрватска не се пронајдени забранети пестициди

Во македонската зелка запрена на хрватската граница нема пестициди тврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Надлежниот инспекторат…

January 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата

Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка…

July 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?