Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Златен медал за Бобан Илиоски на Европското кикбокс првенство во Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Златен медал за Бобан Илиоски на Европското кикбокс првенство во Грција
СПОРТ

Златен медал за Бобан Илиоски на Европското кикбокс првенство во Грција

Објавено November 8, 2024 16:10
Сподели
Сподели

Со златен медал и одбрана на европската титула од пред две години, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши Европското сениорско првенство во Атина, откако во финалето беше подобар од Ерик Ниевегловски од Полска, јави дописничката на МИА од Атина.

Во финалето во категоријата лоу кик до 86 килограми, Илиоски со 2-1 го совлада противникот.

Македонскиот кикбоксер се пласираше во финалето откако вчера со нокаут пред крајот на првата рунда беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис.

Нашата земја од Европското кикбокс првенство во Атина се враќа со два медали, со златниот на Илиоски и со бронзениот на Стефан Михајловски во категоријата кик лајт над 94 килограми.

Европското кикбокс првенство во Атина почна во неделата со свечено отворање, а завршува утре, а учествуваат 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 држава.

Македонската репрезентација учествуваше со петмина кикбоксери во машка и женска конкуренција, ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски, а во составот се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска, тренерот Драган Атанасовски, како и Ирена Митровска од Федерацијата.

Ашкилов не успеа да се пласира во полуфиналето, откако поради повреда докторот не му дозволи да го продолжи натпреварот во втората рунда, додека во женска конкуренција, Леа Бошевска загуби од Нил Бејза Гохан од Лихтенштајн, а Андреа Костовска загуби од Меган Охаре од Велика Британија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
Следна Статија Британскиот министер за надворешни работи: Трамп е великодушен, ми понуди уште една порција пилешко

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Шкендија со многу мака го елиминира ТНС, следува Стеауа

Екипата на Шкендија успеа со голема борба и доза на драма да се пласира во второто квалификациско коло од Лигата…

July 16, 2025
СПОРТ

Роман Абрамович подготвен да го купи Галатасарај

Поранешниот сопственик на Челзи, рускиот милијардер Роман Абрамович, планира да се врати во европскиот фудбал со купување на турскиот гигант…

October 23, 2025
СПОРТ

Дебора подведувала проститутки на италијански фудбалери, една од нив останала трудна

Голем скандал го тресе италијанскиот фудбал откако се појавија шокантни детали од истрагата за елитни забави во Милано. Се вели…

April 24, 2026
СПОРТ

Бостон и Голден Стејт пред елиминација од плејофот (ВИДЕО)

Бостон и Голден Стејт се пред елиминација во полуфиналињата од плејофот во Источната и Западната конференција во НБА. Њујорк со…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?