Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неготинец доби кривична пријава оти го демнел началникот на полицијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Неготинец доби кривична пријава оти го демнел началникот на полицијата
ХРОНИКА

Неготинец доби кривична пријава оти го демнел началникот на полицијата

Објавено November 8, 2024 19:00
Сподели
Сподели

ОВР Неготино, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(66) од Неготино поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „демнење“ по член 144-а став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

По преземените мерки и активности од Надворешната канцеларија за криминалистички равоти при ОВР Неготино било утврдено дека пријавениот подолг период го следел и прогонувал, се мешал во личниот и приватниот живот на 41- годишен вработен како началник во ОВР Неготино, неговата сопруга и двете малолетни деца.

Имено, пријавениот, во повеќе наврати воспоставувал и настојувал да воспостави контакти со оштетениот со движење во службените простории на ОВР Неготино и во централното градско подрачје на општина Неготино, скоро секој ден го следел неговото движење, доаѓал во ОВР Неготино, постојано го барал, а кога не го добивал го чекал пред вратата на неговата канцеларија, како и пред ОВР Неготино, постојано му ѕвонел на мобилниот телефон, снимал и објавувал видео клипови на социјални мрежи со навредливи и содржини со кои имал намера да му наштети на угледот.

Со ваквото однесување, пријавениот го сторил делото за кое е поднесена пријавата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарите се навредија дека Џон Малкович во претстава ги прикажа како „орда од нечисти и неписмени кукавици со црни клинци“
Следна Статија Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче

Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на почетокот од денешното судење побара изземање на…

February 14, 2025
ХРОНИКА

Се пукале две поголеми групи на Бит пазар, еден е повреден, зад нив остана хаос, потврди МВР

Денеска околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Ужас во Гостивар: 15-годишник извршил полов напад врз петгодишната братучетка

Вчеравчер во 23.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, во присуство на неговата мајка, лишиле од слобода 15-годишен малолетник од…

April 4, 2025
ХРОНИКА

Уапсен е и поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, кој беше надвор од државата

Ексдиректорот на Електрани на Македонија (ЕСМ), Васко Стефанов, кој е еден од осомничените во денешната акција на МВР и Основното…

December 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?