Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пронајдени три починати лица во Скопје на различни локации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пронајдени три починати лица во Скопје на различни локации
ХРОНИКА

Пронајдени три починати лица во Скопје на различни локации

Објавено November 8, 2024 21:00
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи во најновиот билтен информира за пронајдени три починати лица во изминатото деноноќие на три различни места.

Најпрво било пронајдено 63-годишно машко лице во близина на скопската обиколница.

„На 07.11.2024 во 13.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на потегот од клучка Арачиново кон клучка Хиподром било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Б.М.(63) од Скопје, за кој на 27.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.

Претходно било пронајдено починато лице на кејот на реката Вардар.

„На 07.11.2024 во 09.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар, во близина на паркот „Франкофонија“, било пронајдено тело на починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“.

Во 13:50 часот, во Карпош пронајдено уште едно починато лице.

„На 07.11.2024 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на скали за влез во подрумски простории на подрачјето на Карпош било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Маск сака да направи Тесла лимузина за Трамп: „Се разбира отпорна на куршуми“
Следна Статија Мицкоски и Клековски на средба со преставници на компанијата Рош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Условна казна затвор од една година за претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола

Љупчо Горгиевски, претседателот на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е осуден на една година условна казна затвор. За него…

June 13, 2025
ХРОНИКА

Хорор доживеало младо момче во Ѓорче Петров: Му наместиле лажна средба со девојка му, па го претепале

На 05.03.2025 во 09.22 часот во СВР Скопје, К.Д.(35) од Скопје пријавила дека околу 04:00 часот, нејзиниот 15-годишен син примил…

March 6, 2025
ХРОНИКА

Седум лица од тимот на ДНК загинаа во пожарот

Дури седум лица од тимот на ДНК се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани. Покрај Андреј, починати се и музичарот…

March 16, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Полицајци спасија жена што се фрлила во водите на Вардар

Денеска околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул. “Војвода…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?