Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Барселона од „Најки“ го добива најголемиот договор во историјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Барселона од „Најки“ го добива најголемиот договор во историјата
СПОРТ

Барселона од „Најки“ го добива најголемиот договор во историјата

Објавено November 9, 2024 18:40
Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Барселона наскоро ќе ратификува договор со производител на спортска опрема врз основа на кој ќе заработи огромна сума, потврдија Каталонците.

Претседателот на клубот Жоан Лапорта, во петокот, одржа состанок со членовите на Управниот одбор на кој беше одобрена нова долгорочна соработка со американскиот производител на спортска опрема „Најки“.

Барселона и споменатата компанија веќе имаат долгорочна соработка, според претходниот договор кој важи до 2028 година, а врз основа на новиот договор меѓу двете страни соработката е продолжена до 2038 година.

Според формулацијата на актуелниот договор (до 2028 година), Барсеона добива 48 милиони евра, а кога ќе се официјализира соработката до 2038 година, тоа ќе значи дека каталонскиот гигант ќе добие загарантирани 100 милиони евра за тој период.

И тоа не е се, Барселона треба да смета и на дополнителните 100 милиони кои следуваат како бонус поради продолжување на соработката.

Директорите на Барселона се задоволни од постигнатиот договор со американската компанија, кој, се уште не е потпишан, туку е постигнат само вербално, но, како што наведува порталот „RAC1“, се работи само за формалност.

„Тоа ќе биде најголемиот договор во историјата на фудбалот. Можеше да биде потпишан во август, но не беше бидејќи сакавме да постигнеме уште подобри услови. Излеговме на пазарот во потрага по најдобри услови и успеавме да ги добиема. Преговараме, го финализираме и ќе биде објавено наскоро, за десетина дена“, изјави Лапорта пред еден месец.

Инаку, компанија „Најки“ е спонзор на Барселона од 1998 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме
Следна Статија ФОТО| Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Нено Димитријевиќ се враќа во Русија, се договори со Зенит за 3 милиони евра

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ, ќе ги напушти редовите на Олимпија Милано и ќе се врати во руската лига, тврдат…

July 22, 2025
СПОРТ

Планираат да останат до финалето: Норвежаните во САД носат 300 килограми риба и 6.000 кила портокали

Норвешката репрезентација вклучи реномирани готвачи и значителна залиха на храна во својата делегација за Светското првенство во 2026 година. Според…

June 10, 2026
СПОРТ

МЗТ води 1-0 во финалето против Маџари

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1:0 во победи во финалната серија од плејофот, откако синоќа на домашен терен…

May 18, 2026
СПОРТ

Како Ашковски избега од Иран

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски во последен момент избега од Иран каде што настапуваше. Во поткастот на ФФМ тој раскажа каков…

March 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?