Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот нема информации за можно поскапување на струјата, најави ваучери за инвертери и идната година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Премиерот нема информации за можно поскапување на струјата, најави ваучери за инвертери и идната година
ЕКОНОМИЈА

Премиерот нема информации за можно поскапување на струјата, најави ваучери за инвертери и идната година

Објавено November 9, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до овој момент нема информација за евентуално поскапување на струјата. Како што оцени денеска, состојбата е стабилна и конслидирана, а Владата, и покрај сите предизвици, навреме презема мерки за да нема ценовен шок и да има електрична енергија.

Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, за идната недела најави „пријатно изненадување“ поврзано со енергетиката и сигурноста во снабдувањето со енергенси.

Ваучери за инвертери за домаќинствата, како што информира премиерот, ќе има и идната година.

-До овој момент немам информација дека ќе има зголемување на цената на електричната енргија. Зимата ќе биде предизвикувачка, имајќи предвид со што се се соочува Европа и какви се временските прогнози. Во име на тоа преземавме мерки, за да не дојде до ценовен шок и до поскапување на струјата. Како тоа на крај ќе заврши, зависи и од Регулаторна комисија за енергетика, истакна Мицкоски по увидот во градежните работи на делници во Велес.

Тој потсети дека оваа Влада го почна мандатот со одлуката од претходната, која обезбеди 85 отсто од потребите на граѓаните од 1 јули до 31 декември.

Веќе сме средина на ноември, ние ја зголемивме количината на 100 проценти, а притоа не дојде до поскапување на струјата. Компанијата се консолидира, ја посетивме РЕК Битола, околу 200 – 250 илјади тони имаме на депонија, на греда, таа состојба беше на нула, имаме парче кое се ископува од 1,5 милиони, се увезува јаглен по 10, 15, 20 отсто пониски цени, режиските трошоци се намалени за 15 отсто. Заштедата ќе биде околу половина милијарда денари кога ќе заврши целиот процес. Тоа ми дава право да кажам дека состојбата е стабилна, консолидирана, и покрај сите предизвици преземавме навреме мерки за да нема ценовен шок, да има струја. Гасот што го набавуваме за потребите на ЕСМ е за драматично пониска цена од онаа што го набавуваше претходната Влада. Следната недела, среда, четврток, очекувам пријатно изненадување кога станува збор за енергетиката и сигурноста во снабдувањето со енергенси – подвлече Мицкоски.

Информира и дека пред да дојде денеска во Велес имал состанок со министерката за енергетика Сања Божиновска, од која бил информиран дека над 85 отсто од ваучерите за инвертери се поделени за помалку од два дена.

Интересот е голем, правиме се што можеме да го затвориме процесот како што треба и во иднина да ја зголемиме поддршката – истакна Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андријана Јаневска потпиша договор со светската филмска компанија Warner Bros
Следна Статија Бајден и Трамп ќе се сретнат в среда во Белата куќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Фокусирани сме на зголемување на платите во образованието и во здравството

Ако не оваа среда, тогаш кон крајот на месецот Предлог-буџетот за 2025 година ќе се најде на владина седница, рече…

October 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

 Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот…

July 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

АНКЕТА: Македонските работници бараат минимална плата од 600 до 700 евра

Работниците во земјава сметаат дека минималната плата треба да се зголеми од 600 до 700 евра, покажува анкетата што ја…

November 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба Славески – Прескер: Потврда на значењето на Народната банка за економската стабилност

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Неговата Екселенција Грегор Прескер и со економскиот…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?