Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 500 денари за тегла домашен ајвар- дали е скап одговара Душко од Гевгелија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > 500 денари за тегла домашен ајвар- дали е скап одговара Душко од Гевгелија
ЗАБАВА

500 денари за тегла домашен ајвар- дали е скап одговара Душко од Гевгелија

Објавено November 10, 2024 20:40
Сподели
Сподели

Земјоделецот Душко Ѓуров од Гевгелија во фејсбук-групата Земјоделие.мк објасни колкави се трошоците за правење на ајвар за оние што мислат дека 400 или 500 денари е превисока цена за тегла од оваа зимница

Еве како изгледаат трошоците за еден ајвар: Пример да зедеме, 50 кила пиперки (цената се движи од 45 до 60 денари кило, зависи во кој регион сте во државата). 10-15 кила модар патлиџан (цената се движи од 10-20 денари кило, зависи во кој регион сте во државата).

Цените што ги наведувам се на големо, доколку ги купите истите работи во пилара или на пазар, цените би биле – пиперката 60-90 денари кило, модриот патлиџан 20-30 денари кило. Што значи вие од самиот старт вложувате од 2500 до 5000 денари (зависи до цените) само за пиперки и модар патлиџан.

Додадете овде уште 500 денари за зејтин и сол.

Дрвата исто така не се бесплатни.

За таа количина ќе направете околу 15-20 тегли ајвар. За да го направете тој ајвар ви се потребни најмалку 2 дена доколку сами го направите. Автоматски тоа како трошок е 3000 денари. Што значи, 6000-8000 денари вие вложувате за да добиете 15-20 тегли ајвар.

Доколку ајварот го продадете по 500 денари тегла, вие сте ќариле од 2000 до 4000 денари максимално за вашата макотрпна работа 2 дена што сте ја работеле.

Ова ви е детален опис за оние кои говорат дека ајварот бил премногу скап доколку е 500 денари теглата.

Под овој пост се нижеа бројни реакици и се разви жестока дебата во коментари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Второ појавување на Кејт Мидлтон за два дена по тешката дијагноза
Следна Статија Велосипедист излетал во провалија на Беласица, интервенирале струмичките пожарникари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Му се потсмеваше, а сега ќе пее на инаугурацијата на Доналд Трамп

Кери Андервуд ќе настапи на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Ѕвездата на Американскиот идол ќе настапи во понеделник на…

January 14, 2025
ЗАБАВА

Три знаци кои ќе имаат најдобра недела

Оваа недела започнува со енергија на убавина, обновување и поврзување. Венера влегува во Вага, нејзиниот дом, носејќи чувство на хармонија,…

October 12, 2025
ЗАБАВА

Почина Клаудија Кардинале, една од најпознатите италијански актерки

Актерката Клаудија Кардинале, икона на италијанската кинематографија почина на 87-годишна возраст, потврди министерот за култура Алесандро Џули. Кардинале беше една…

September 24, 2025
ЗАБАВА

Крвните Гаврани не се сами во нов трејлер за приказната на Warhammer 40,000: Dawn of War IV

Зајакнувачите се на пат.

December 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?